1. Home
  2. Новости
  3. ЕТУК: На Самитот за Западен Балкан му треба позитивна порака за пристапување во ЕУ

ЕТУК: На Самитот за Западен Балкан му треба позитивна порака за пристапување во ЕУ

ЕТУК: На Самитот за Западен Балкан му треба позитивна порака за пристапување во ЕУ
0
489 ПРЕГЛЕДИ

Европската конфедерација на синдикатите (ЕТУК) го поздравува претстојниот ЕУ Самит- Западен Балкан во Загреб кој ќе се одржи денес. Но, и покрај неодамнешната позитивна одлука за отворање преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија, недостасува поширока порака за позитивните изгледи за иднината на процесот на пристапување кон ЕУ на Западен Балкан.

Се надеваме дека Самитот ќе го зајакне политичкиот дијалог и социо-економската соработка меѓу ЕУ и регионот и ќе покаже солидарност и заеднички напор во справувањето со пандемијата COVID-19.

Лидерите на ЕУ, признавајќи го напредокот што регионот го постигна во минатото и разменувајќи погледи за соработка за решавање на кризата СОВИД-19, треба исто така да ја потенцираат и потребата за политички и економски реформи, придонесувајќи за просперитет и безбедност во регионот и во цела Европа. ЕТУК ги повикува лидерите на Западен Балкан да прифатат дека социјалниот дијалог со синдикатите и работодавците, колективното договарање, учеството на работниците и стандардите за безбедност и здравје при работа играат суштинска улога во одговорот на кризата и во економскиот раст.

Генералниот секретар на ЕТУК, Лука Висентини изјави: „Добро е што Самитот оди напред, но ЕУ треба да даде јасна и позитивна порака за изгледите за пристапување кон ЕУ на земјите од Западен Балкан“.

„ЕТУК ја повикува Европската комисија да изготви стабилен економски и инвестициски план за регионот за зајакнување на економиите и создавање работни места, зајакнување на нивното здравје и јавни услуги и подобрување на квалитетот на работата и животот на луѓето од Западен Балкан“.

За да се постигнат овие цели, ЕТУК ги повикува лидерите на земјите од ЕУ и Западен Балкан да ги следат препораките на ЕТУК за справување со COVID 19 и нејзиното катастрофално влијание врз работните места и вработувањето, вклучително и целосно вклучување на синдикатите од Западен Балкан и работодавачите во креирањето и спроведувањето на стратегии за обнова и развој.

Western Balkans Summit needs positive accession message from EU

Western Balkans Summit needs positive accession message from EU
0
0 ПРЕГЛЕДИ

The European Trade Union Confederation (ETUC) welcomes today’s EU-Western Balkans Zagreb Summit going ahead. But despite the recent positive decision to open accession negotiations with North Macedonia and Albania, a broader message on positive prospects of the future of the accession process for the Western Balkans is missing.

The Summit hopefully will strengthen political dialogue and socio-economic cooperation between the EU and the region and show solidarity and joint effort in dealing with the COVID-19 pandemic.

The EU leaders, while acknowledging the progress the region has achieved in the past and exchanging views on cooperation to tackle the COVID-19 crisis, should emphasise the need for political and economic reforms, contributing to prosperity and security in in the region and in the whole Europe. ETUC calls on Western Balkan leaders to recognise that Social Dialogue with trade unions and employers, collective bargaining, workers’ participation and occupational safety and health standards play an essential role in the response to the crisis and in economic growth.

ETUC General Secretary Luca Visentini said “While it is good that the Summit is going ahead the EU should give a clear and positive message on the prospects for accession for the countries of the Western Balkans.”

“The ETUC calls on the European Commission to put forward a robust economic and investment plan for the region to boost the economies and job creation, strengthen their health and public services and improve the quality of work and life of people in the Western Balkans.”

To achieve these goals, the ETUC invites the EU and Western Balkan countries’ leaders to follow the ETUC recommendations on dealing with COVID 19 and its disastrous impact on  jobs and employment, including to fully involve Western Balkan trade unions and employers  in the design and implementation of any Recovery Strategy and related funds and measures.