1. Home
  2. Новости
  3. ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – ПРОЕКТ ЕФАД

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – ПРОЕКТ ЕФАД

0
83 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС е дел од проектниот конзорциум што учествува во проект заснован на европскиот документ „Рамковен договор на европските социјални партнери за дигитализација“ – потпишан на 22 јуни 2020 година од страна на европските социјални партнери,

Проектниот конзорциум се состои од 10 организации од 5 земји. Водач на проектот е Националната комисија на NSZZ „Solidarniść“, ко-апликанти се: CISL (Италија), BLOCUL (Романија), Konfederacja Lewiatan (Полска), Instrat Foundation (Полска) и придружните организации: Европската конфедерација на синдикати  (ETUC), синдикати: ЛПС „Solidarumas“ (Литванија), КСС (Македонија) и организации на работодавачи – ЛДК (Литванија) и ОРМ (Македонија).

Како одговор на пандемијата, повеќето компании го променија начинот на работа, при што комуникацијата со клиентите и добавувачите се базира главно на дигитални алатки. За жал, тоа повлекува и бројни ризици, бидејќи практиките на дигиталните гиганти вклучуваат надзор (пристап до лични податоци), дискриминација (исклучување на корисници) и манипулација (на пр. микро-таргетирање за комерцијални и политички цели).

Дополнителна закана е и воведувањето на алгоритми за проценка на способноста на работникот, и на база на тие алгоритми работодавачите донесуваат одлуки, меѓу другото, за бонуси и унапредувања.

Поради оваа причина, станува неопходно социјалните партнери да се запознаат со предизвиците поврзани со процесот на дигитализација.

Тековниот проект има за цел:

1.Создавање услови за развој на Национални Акциски Планови за подготовка за спроведување на правото на исклучување преку анализа на постојниот правен статус и развивање на каталог на добри практики;

  1. Да се зголеми знаењето на социјалните партнери за подобрување на работните услови во контекст на правото на исклучување, дигиталната писменост и работното време преку обука и промотивни активности.

Проектот е фокусиран на предизвиците, придобивките и ризиците поврзани со присуството или воведувањето на дигитални алатки на работното место преку експертски и тренинг активности насочени кон социјалните партнери од 5 европски земји (Полска, Италија, Романија, Литванија, Македонија) на национално, секторско, регионално и ниво на компанија. Темите за обука ќе вклучуваат: право на исклучување, заштита на податоците и приватност, употреба на нови технологии на работното место, заштита на работното време на вработените при работа на далечина, разлики помеѓу работа на далечина и далечинско работење, спречување на непропорционален и прекумерен надзор на работното место, дискриминаторски третман заснован на пристрасни алгоритми.

Целта е да се развијат Национални Акциони Планови во секоја земја партнер со цел да се имплементира Рамковниот Договор за Европски Социјални Партнери за Дигитализација (EFAD), особено во областа на правото на исклучување (R2D) и истите да бидат одобрени од националните репрезентативни социјални партнери.

Резултати од проектот:

  1. Отворање на дебата за Правото на исклучување (R2D) со цел да се зајакне социјалниот дијалог во 5 земји на ЕУ преку развивање на Национални Акциони Планови во оваа област.
  2. Иницирање имплементација на „Рамковниот договор на европските социјални партнери за дигитализација“ во земјите партнери.
  3. Развој на нов модул за обука кој може широко да се користи во програмите за обука што ќе ги спроведуваат социјалните партнери во областа на дигиталната трансформација.
  4. Зголемено знаење за предметната област опфатена со Договорот за дигитализација кај социјалните партнери.
  5. Зголемена свест за предностите и недостатоците на работа на далечина кај социјалните партнери на ниво на претпријатие.
  6. Спроведување на компаративна анализа на собраните прашалници.
  7. Развој на финален извештај кој ги содржи резултатите од работата на експертите на проектот, препораки за актерите во социјалниот дијалог и каталог на добри практики на европско, национално и работно ниво.
  8. Дисеминација на резултатите од проектот.

Времетраење на проектот: 24 месеци, 1 септември 2022 година – 30 август 2024 година.