1. Home
  2. Новости
  3. Глобален монитор на МОТ за Ковид-19 и светот на работата – 6то издание

Глобален монитор на МОТ за Ковид-19 и светот на работата – 6то издание

Глобален монитор на МОТ за Ковид-19 и светот на работата – 6то издание
0
538 ПРЕГЛЕДИ

Огромните загуби на работни часови предизвикани од пандемијата на Ковид-19 доведоа до масовно намалување на приходот од работа кај работниците ширум светот. Се проценува дека приходот од работа, во светски рамки, се намалил за 10,7% или 3,5 билиони американски долари, во првите три тримесечја на 2020 г., споредено со истиот период минатата година. Овие износи не ја вклучуваат поддршката обезбедена преку владини мерки.

Изгледите за Т4 се значително влошени од последното издание на мониторот на МОТ. Според сценариото што го изготви МОТ, загубата на работни часови во светски рамки сега се проценува на 8,6% во четвртото тримесечје на 2020 г. (споредено со Т4 2019), што е еквивалентно на 245 милиони работни места со полно работно време. Ова е зголемување од претходните процени на МОТ од 4,9 процени или еквивалент на 140 милиони работни места. Една од причините за проценетото зголемување на загубата на работни часови е што работниците во економиите во развој и во подем, особено онаму каде што преовладува неформалната економија, се многу посериозно погодени сега, отколку во претходните кризи.

Во мониторот се забележува и дека падот во стапката на вработеност повеќе се должи на неактивност, отколку на невработеност.

Во прилог можете да ги превземете комплетните резултати од ова 6то издание од глобалниот монитор на МОТ