
Со согласност со вредностите и потребите на ЕУ во индустриските односи, важно е да се подигне свеста за значењето на улогата на синдикатите во компаниите не само во земјите-членки на ЕУ, туку и во земјите кои се во било која фаза од процесот на пристапување кон ЕУ.
Согласно на тоа во минатото успешно се имплементираа два проекти – WIM- Вклучување на вработените за подобро и одржливо управување во претпријатијата во Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија и WIM2 – Вклучување на вработените – директно кон предизвиците.
Како продолжение се спроведува WIM 3- Вклучување на вработените во управувањето- свест, експеримент, мониторинг. Овој проект кој започнува со имплементација од декември 2017 година, треба да придонесе во разбирањето на земјите учеснички за важноста на учеството на работниците и ќе служи на претставниците на работодавачите и синдикатите како алатка за размена на know-how и искуство.
Проектните активности покажаа дека ниту еден од учесниците во ЕУ нема правна рамка за учество на вработените во претпријатијата, но сите од нив имаат добро организирани синдикати.
Земјите кои се кандидати за членки на ЕУ треба да работат на подигнување на свеста за потенцијалните придобивки од учеството на работниците во процесите на донесување одлуки, како и за идентификување на предизвиците и менталните бариери што може да го попречат истото.
Клучниот предизвик е поставување на институтот за учество на вработените во донесувањето на одлуки во постојната рамка за правни и културни индустриски односи.
Активностите во склоп на проектот WIM3 ќе бидат од општо информативни до конкретни. Имено, ќе се имплементира експеримент во пилот-компаниите (имплементација на нацрт-законите за вклучување на вработените врз основа на решенијата од WIM2. Активностите и резултатите ќе се однесуваат на сите засегнати страни – влади, работодавачи и синдикати, не само во земјите каде што ќе се спроведува експериментот (Македонија, Црна Гора), туку и во другите земји кандидати за членки на ЕУ.
Проектот е во времетраење од 01.12.2017 год. до 30.11.2019 год. и во тој период КСС ќе даде свој придонес преку активностите на проектот да ја подигне свеста за потребата од учеството на работниците, односно синдикатите во процесите на одлучување.