1. Home
  2. Новости
  3. Безрезервна поддршка од Пензионерскиот синдикат, бидејќи сите заслужуваат почитување на работничките права

Безрезервна поддршка од Пензионерскиот синдикат, бидејќи сите заслужуваат почитување на работничките права

Безрезервна поддршка од Пензионерскиот синдикат, бидејќи сите заслужуваат почитување на работничките права
0
382 ПРЕГЛЕДИ

Пензионерскиот синдикат на Македонија  дава безрезервна поддршка, се приклучува на протестот на КСС и ги повикува  своите членови во знак на солидарност да се приклучат на протестот кој ќе се одржи во четврток- 15.04.2021 год.

Членовите на КСС заслужуваат почитување на нивните работнички права и нивното достоинство, како и признавање на репрезентативноста и запишување на Пензионерскиот синдикат во Централниот регистар.

Социјалниот дијалог во Македонија, во последните четири години е на многу ниско ниво, а за тоа сведочат прогоните на синдикалните лидери во јавниот сектор, притисоците кои што се вршат врз нив, како и нивното деградирање.

Протестот на КСС е  од голема важност за продолжување на социјалниот дијалог и негово унапредување.