Денес се одбележува Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Оваа година се сеќаваме на денот од своите домови поради епидемијата од корона вирусот и во вакви услови сфаќаме дека здравјето и безбедноста на работното место е многу важна компонента на она што значи достоинствено работно место.
Со одбележувањето на 28 ми Април, Светскиот ден на безбедност и здравје при работа се вклучуваме во глобалната кампања со која бараме безбедно, здраво и достоинствено работно место кое ќе се обезбеди од страна на сите релевантни чинители.
Секој ден, 6.300 луѓе умираат како резултат на професионални несреќи или болести поврзани со работата – повеќе од 2,3 милиони смртни случаи годишно на светско ниво, 317 милиони несреќи се случуваат на работа годишно и многу од нив резултираат во зголемено отсуство од работа.
Правото за здравје и безбедност се универзални човекови и работнички права, тоа е потврдено и со објавените 187 Декларации и 198 Препораки од страна на Меѓународната организација на труд.
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со своето делување се труди да обезбеди примена на сите стандарди утврдени од страна на Меѓународната организација на труд преку свои барања до релевантните институции, доставување на свои предлози и едукација на членството и стручните лица од областа.
Во време на светска пандемија Конфедерацијата заедно со други организации и здруженија достави платформа за справување со моменталната состојба со вирусот со намера штетите по работникот да се сведат на минимум. Во светот се случува масовно губење на работни места и влошување на социо-економскиот статус на вработените што е случај и во нашата земја. Човечката цена на оваа секојдневна неволја е огромен и економски товар на лошата практика на безбедност и здравје при работа.
Воедно сакаме да изразиме и благодарност до сите вработени кои во оваа тешка работна атмосфера се трудат да ја извршуваат својата работа професионално со моменталното сепак недоволно ниво на безбедност и здравје при работа.
Occupational safety and health during a pandemic – World OSH Day
Today is World Occupational Safety and Health Day. This year we remember the day from our homes due to the corona virus epidemic and in such conditions we understand that health and safety in the workplace is a very important component of what a dignified job means.
With the celebration of April 28, the World Day for Safety and Health at Work, we are joining the global campaign to seek a safe, healthy and dignified job that will be provided by all relevant stakeholders.
Every day, 6,300 people die as a result of occupational accidents or work-related illnesses – more than 2.3 millionс deaths a year worldwide, 317 millionс accidents occur at work each year and many of them result in increased absenсе at work.
The right to health and safety are universal human and labor rights, which is confirmed with 187 Declarations and 198 Recommendations published by the International Labor Organization.
The Confederation of free trade unions of Macedonia with its action tries to ensure the application of all standards set by the International Labor Organization through its requests to the relevant institutions, submission of its proposals and education of the membership and experts in the field.
During a global pandemic, the Confederation, together with other organisations and associations, submitted a platform to deal with the current state of the virus with the intention of minimising the demage for the employee. There is a massive loss of jobs in the world and a deterioration in the socio-economic status of the employees, which is the case in our country also. The human cost of this daily trouble is a huge and economic burden on the poor practice of occupational safety and health.
At the same time, we would like to express our gratitude to all employees who in this difficult working atmosphere are trying to do their job professionally with the current insufficient level of safety and health at work.