1. Home
  2. Новости
  3. Барањето на КСС за повисока минимална плата не е прифатено од Владата и работодавачите

Барањето на КСС за повисока минимална плата не е прифатено од Владата и работодавачите

Барањето на КСС за повисока минимална плата не е прифатено од Владата и работодавачите
0
367 ПРЕГЛЕДИ

На ден 01.04.2021 година Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа прес-конференција на која беа истакнати ставовите по точките кои беа на деневен ред на седницата на Економско-социјалниот совет, а се од трудовата област.
Претседателот Благоја Ралповски ги истакна следните ставови на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. По однос на првата точка усогласувањето на Законот за минимална плата истакна дека единствено се разговараше за член 4 став 1, односно за параметрите за усогласувањето на минималната плата. На претходната седница на ЕСС синдикатите побараа толкување на законот по однос на параметарот пораст на бруто домашниот производ, за кој Министерката за труд и социјална политика имаше побарано мислење од Државниот завод за статистика, а не од законодавниот дом, кој го донел законот и кој може да го толкува, а добиениот одговор од Државниот завод за статистика е несоодветен и неразбирлив.
Претседателот истакна дека член 8 од Законот за минимална плата гласи: ,,Постојните колективни договори ќе се усогласат со овој закон во рок од 6 месеци од денот на влегување на сила на овој закон. Одредбите од Колективните договори кои нема да се усогласат со одредбите од овој закон во рок од ставот 1 на овој член престануваат да важат.” КСС го истакна проблемот што Владата не сака да донесе политички договор за покачување на минималната плата со што би им помогнала на работниците во овој момент на криза во која се наоѓаат работниците поради пандемијата. Европските директиви налагаат висината на минималната плата да биде минимум 60% од просечната плата.

Претседателот истакна дека КСС бара или вредноста на бруто домашниот произбод да се земе како износ нула или минималната плата да биде 60% од просечната плата, бидејќи повеќе од 100.000 работници се приматели на минимална плата, а речиси 40% се вработени во јавната администрација. Се осврна и на реформата во јавната администрација која е многу тешко да се спроведе кога 40 % се приматели на минимална плата. Поради непочитување на Законот за минимална плата и неусогласувањето на колективните договори работниците со различен степен на сложеност на работните места се изедначени и земаат иста плата, бидејќи Владата не го почитува законот за минимална плата го поттикнува и реалниот сектор да не го почитува законот, а Државниот трудов инспекторат да не спроведува инспекција на законот за минимална плата.
По однос на работата во недела која беше точка од дневен ред на ЕСС, Претседателот истакна дека со отпочнување на работа на измените на Законот за работни односи за работа во недела беа вметнати 32 дејности кои ќе работат во недела, сега се 38 дејности, па додадени се и помошните и придружните дејности, па секој работодавач кој е регистриран под повеќе дејности ќе може да работи во недела и сега Министерот за економија преку Законот за трговија го бајпасира Законот за работни односи и преку тој специјален закон ќе овозможи сите маркети и молови да можат да работат во недела, со 100% повисока плата за работа во недела, што го поздравуваме предлогот за 100% повисока дневница. КСС предложи и го воведе терминот “скапа работа во недела“, а тоа значи дека оној работодавач кој има потреба може да одлучи да работи во недела и да нема дискриминација по дејности, но работата да биде платена и да му овозможи на работникот 24 плус 12 часа одмор наредниот ден, а работникот да може да работи најмногу 150 часа прекувремена работа.
По однос на точката разно КСС побара од Министерката за труд и социјална политика и Директорката на трудовиот инспекторат да го почитуваат Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за пензиско и инвалидско осигурување и на сите работници кои се заразени со корона вирусот на работно место или се во самоизолација да им се исплаќа 100% плата, бидејќи тоа е повреда на работно место, но за истото бевме одбиени од причина што немало кој тоа да го утврдува кој работник каде е заразен, на што ги упативме на Институтот за јавно здравје каде што се вршат епидемиолошките анкети.