Анализа за Европските работнички совети – како да се користат достапните информации обезбедени од централното раководство?

Секоја членка на ЕРС[1] порано или подоцна ќе се соочи со проблемот за правилна примена и дисеминација на информациите добиени на состаноците на Европскиот совет, особено за економските информации. Што да направите доколку централното раководство одбива информации повикувајќи се, на пример, на трговски тајни, загрозување интереси, итн. Што да направите кога информацијата ќе биде споделена, но членовите на ЕРС не знаат во која област можат или треба да ја пренесат понатаму: на претставници на вработените или на самите вработени.
Темата е тешка, дотолку повеќе што, методот за примена на информации може да биде отскочна даска кон понатамошни фази на работниот ангажман, т.е. за комуникација и соодлучување, или за бариерата којашто го парализира преминот кон овие фази. А често се случува, исто така, учесниците на состаноците на ЕРС да бидат обвинети за огромна количина на повеќе или помалку важни финансиски документи, честопати на странски јазик, од кои е тешко да се извлече најважното за вработените, коишто ги претставуваат.
Националната комисија на НСЗЗ „Солидарност“ направи обид да обезбеди конкретна помош по ова прашање којашто, со кофинансирање добиено од Европската комисија, го финализира меѓународниот проект „ЕРС – правилно постапување со економски информации како клуч за продуктивна комуникација и преговори“, насочен до сите заинтересирани за оваа тема. Адвокатите и синдикалните експерти од Полска, Италија, Шпанија, Бугарија, Хрватска, Романија и Северна Македонија работеа на тоа како да се поддржи ЕРС, со цел да станат подобри партнери за управните одбори.
Во текот на проектот, експертите работеа на создавање механизам за правилно постапување со информации и развој на вештини за барање, користење, толкување и пренесување доверливи и финансиски информации на национално ниво.
Вреди да се нагласи дека во државните законски одредби не постои ниту приближна ниту прецизна дефиниција за концептот „доверлива информација“. Од материјалите добиени од различни партнерски земји, нејасноста на овој термин честопати е претставувана како главна пречка за поефикасно спроведување на правото на пристап до информации од страна на работниците, како што е дефинирано и опишано во Директивата.
Следниот проблем се однесува на спроведувањето, односно стратегиите и тактиките што ги користи централното раководство со цел да не открива информации или да го ограничува нивниот опсег користејќи изговори за „доверливост“ и „деловна тајна“. Членовите на ЕРС кои учествуваат во проектот сметаат дека информациите што им се дадени се главно општи, не конкретни и не корисни. Правило е да се нафрлаат во последен момент и во прекумерни количини, што многу ја отежнува можноста за разумно користење на истите.
Основно олеснување во решавањето на овој проблем се добро структурирани договори за ЕРС, во кои прашањата за доверливост и постапување со чувствителни информации се јасно и специфично разјаснети – подеднакво во однос на карактерот и терминот на валидност на таквите информации. Затоа, членовите на ЕРС, заради сопствен мир и безбедност, треба да имаат за цел вклучување на ваквите одредби во договорите на европските совети.
Следна цел на проектот беше поддршка на членовите на ЕРС во областа на постапување и толкување на финансиските информации. Ова е многу тешка тема, бидејќи оваа област е место на многу спорови и конфликти.
Од гледна точка на управниот одбор за меѓународен интерес, овие информации се карактеризираат како едни од најчувствителните, поради огромниот ризик што го носи пристапот до истите од страна на неовластени лица, особено од конкурентите и други субјекти кои, потенцијално, можат да ги искористат на штета на претпријатието. Поради оваа причина, тие се предмет на рестриктивни заштитни мерки и ограничувања во опсегот на нивното откривање и пренесување, коишто се дефинирани со внатрешните корпоративни политики и одредби.
Од друга страна, тие се исклучително важни за претставниците на вработените бидејќи укажуваат на целокупната економска состојба на нивниот работодавач. Тие имаат директно и индиректно влијание врз положбата на вработените и можат да кажат многу за веројатноста за можните колективни отпуштања или за економските проблеми на компанијата. Таквите информации претставуваат вистинска основа за отстапки за преговори или за презентирање барања за плаќање.
Од овие причини, во рамките на проектот беше организирана меѓународна обука за членовите на ЕРС, каде што главниот акцент беше ставен на зголемувањето на вештините за користење јавно достапни финансиски документи на компанијата, а потоа избирање одделни ставки по сопствен избор и толкување на истите. Развиениот модул за обука е бесплатна и општо достапна помош за сите заинтересирани за оваа тема.
Следен резултат на проектот кој исто така е бесплатен и достапен за јавноста извештај, кој е кулминација на работата на експертите. Покрај другите многу потребни информации поврзани со темата ЕРС, постојат упатства за постапување со финансиски и доверливи информации во контекст на одредбите коишто се обврзувачки кај котираните компании, како и одредби коишто се однесуваат на обврската за задржување доверливост и други законски одредби. Извештајот е во завршна фаза на обработка и наскоро ќе биде достапен на нашата веб-страница.
Зошто темата на ЕРС е толку важна сега? Бидејќи и покрај сите идентификувани слабости на ЕРС – не постои друга реална алтернатива во областа на тековните индустриски односи. Националните држави сѐ повеќе не можат да се поистоветат со меѓународните корпорации. Воспоставувањето каков било наднационален регулаторен режим во врска со вакви проблеми, бара присуство на наднационални актери, на кои припаѓаат и ЕРС. Затоа, оваа институција мора да биде заштитена, па дури и да се зајакне. Исфрлањето на синдикатите од ЕРС и нивно заменување со делегати именувани од раководниот кадар, на долгорочен план, може да доведе до трансформација на ЕРС во субјекти контролирани од работодавачите, односно следна корпорациска алатка за управување со човечки ресурси, па дури и – во најлош случај – во анти-синдикатна структура.
Токму поради тоа, делегатите на синдикатот треба да продолжат да стремат кон ефективно искористување на можностите што ги нудат ЕРС, и покрај нивните ограничувања. ЕРС се покажаа како одличен форум за остварување контакти, размена на знаење, искуства и неформална комуникација, којашто честопати им користи на синдикатите и на вработените. Во однос на податоците добиени во рамките на проектот, може да се заклучи дека овие можности се целосно искористени од страна на повеќето членови на ЕРС.
И покрај различните ставови за ЕРС, вклучително и оние коишто се однесуваат на нивното ефективно функционирање, нивната позиција во врска со синдикатите и правната основа, постои јасен консензус за потребата од одржување на оваа институција и за зајакнување на истата. А подобрувањето на нивото на знаење и вештини кај членовите на ЕРС во областа на барање и правилно постапување со финансиските информации, придонесува да бидат подобри партнери за централното управување. Активностите преземени во меѓународните проекти како што е овој, несомнено стануваат елемент на процесот на зајакнување на Европските работни совети.
[1] Europejskie Rady Zakładowe/ERZ= Европски работни совети/ЕРС