Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот, потпишан Меморандум за соработка со Коалиција на младински организации СЕГА

0

И младите имаат работнички права!

– 365 дена работнички права –

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Коалицијата на граѓански младински организации СЕГА потпишаа Меморандум за соработка под мотото „И младите имаат работнички права– 365 дена работнички права “.

По повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, КСС и СЕГА организираат кампања за промоција на младите и унапредување и подобрување на социјално-економската положба. Со меморандумот, КСС И Коалицијата СЕГА се обврзуваат да вложат заеднички напори за понатамошно унапредување и подобрување на економската и социјалната положба на младите, креирање политики за поголема вклученост, промовирање на младите на пазарот на трудот за размена на добри практики и подобрување на професионалната експертиза.

„Денес, всушност, официјализираме соработка која трае подолго време. Заедничката одлука сега да го потпишеме Меморандумот е почнувањето на кампањата „И младите имаат работнички права – 365 дена работнички права“, која ја промовираме по повод 1 Мај. Целта е младите да се интегрираат во синдикалното движење и на пазарот на трудот, да се едуцираат за работничките права, да се подобри економско-социјалната положба за создавање нови и сигурни работни места за младите. Ние, како синдикат заштитник на правата на работниците и Коалицијата СЕГА, чие главно мото е младите и младинското вработување, направивме многу во оваа насока. Сега продолжуваме да работиме на интегрирање на младите во општеството“, рече Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати на денешната конференција за печат.

 

_DSC0295

Според Никола Станкоски, претседател на Управниот одбор на Коалицијата СЕГА, со потпишување на овој меморандум ќе се вложат заеднички напори за унапредување на положбата на младите и на нивната економско-социјална положба и креирање политика за поголема вклученост на пазарот на труд.

„Целта е да обезбедиме размена на искуства, експертско знаење за да се зајакне и унапреди положбата на младите. Во оваа насока, ја најавуваме кампањата, преку која ќе делуваме за информирање на младите за нивните работнички права“, вели Станкоски.

 

Приклучи се и ти во кампањата со само еден клик :

https://www.facebook.com/365-дена-работнички-права

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk