РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ – СЕМИНАР ЗА ЖЕНИ СИНДИКАЛИСТКИ

0

На 17, 18 и 19 02. 2011 год. во Штип, Хотел “Ваго” се одржа семинар на Секцијата на жени на КСС на тема “Решавање на конфликти”. Овој семинар е еден од низата семинари кои се одржуваат во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт.На семинарот учествуваа 25 учеснички од повеќегрански синдикати на КСС. Предавач на семинарот првиот ден беше Лилјана Ѓорѓиоска, Советник во Бирото за развој на образование на РМ, на тема: “Поим и извори на конфликти”.

Вториот ден, предавач беше Г. Букревска, на тема: “Решавање на конфликти во синдикалните организации”. Двата дена работата се одвиваше преку работилници на дадените теми, во кои учесничките имаа можност веднаш да ги имплементираат стекнатите знаења. Семинарот помина во работна атмосфера и меѓусебно дружење, и заклучок беше дека ваквите семинари се од голема помош на учесничките во нивната синдикална практика.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk