Присуство на КСС на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикати (ETUC)

0

Брисел, 14-15 декември 2016

Претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија присуствуваа на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикати (ETUC), на кој беа разгледани повеќе прашања кои се однесувааат на организирање на кампања за социјални права, кампања за покачување на платите и беа усвоени . Беа донесени резолуции за иднината на социјалниот дијалог, резолуција за минимална плата, стратегии за баланс помеѓу работата и приватниот живот, како и за активното стареење и меѓугенерацискиот пристап.

На оваа седница се разгледуваше доставеното барање на КСС по однос на прием како полноправен член на Европската конфедерација на синдикати, за што Извршниот комитет на ETUC, едногласно ја усвои оваа одлука. Со тоа Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија доби статус на полноправен член кој ќе учествува во нејзините органи и тела во креирањето и спроведувањето на економско – социјалните европски политики.

Европската конфедерација на синдикати (ETUC) е формирана во 1973г. и сега членуваат 89 национални конфедерации во 39 земји и десет Европски федерации.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk