Основање на ЛЕСС во Струга и Кичево

0

Активно се продолжува со реализирање на активностите во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, имено на 27.06.2016 год беа потпишани спогодби за формирање на Локални економско- социјални совети во Општина Струга и Општина Кичево.

Потписници на овие спогодби се Градоначалниците на општина Струга, г-дин Зијадин Села и општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, Претседателите на репрезентативните синдикати на национално ниво, г-дин Благоја Ралповски Претседател на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија и г-дин Живко Митревски Претседател на Сојуз на синдикати на Македонија како и г-дин Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодавачи на Македонија.

ЛЕСС има функција на советодавно тело кое ќе доставува свои мислења и предлози до Градоначалникот и Советот на општината за важни прашања од економско –социјален карактер, политики на општината, политики за вработување, образование, безбедност и здравје при работа, поттикнување на заеднички иницијативи и слично.

Целта е зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, поттикнување на колективно договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор и воспоставување механизам за мирно решавање на работните спорови.

На средбата во Струга, Претседателот на КСС изјави дека спогодбата е можност да се подобри социјалниот дијалог, стандардот на граѓаните во општината и договорот меѓу бизнис заедницата и социјалните партнери.

– Подобрувањето на стандардот и социјалниот дијалог ќе бидат еден од главните мотиви за изнаоѓање решенија за кои се заинтересирани граѓаните и бизнис заедницата, изјави Ралповски.

Учесници во овие совети се претставници од општините, невладини организации и граѓански здруженија.

Унапредување на социјалниот дијалог во чии рамки е ставањето во функција на овие локални економско-социјални совети го спроведува Меѓународната организација на трудот ( МОТ ).

less-struga-kicevoПотпишување на спогодба за ЛЕСС во Струга

less-kicevo-strugaПотпишување на спогодба за ЛЕСС во Кичево

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk