Претседател

Претседател на КСС

Претседателот го избира Конгресот на КСС, со мандат од 5 години, со можност за повторен избор.

Тој е истовремено претседател на Конференцијата, Претседателството и на Извршниот одбор на КСС. Претседателот на КСС ги свикува и раководи со седниците на Конференцијата, Претседателството и на Извршниот одбор. Претседателот на КСС ги има следните надлежности:
– учествува во работата на органите на КСС и пред истите покренува иницијативи од интерес за организацијата;
– преговара со социјалните партнери на национално ниво;
– ги потпишува колективните договори на национално ниво по претходно добиено овластување од Извршниот одбор;
– организира прес конференции и јавни настапи;
– ги потпишува сите акти донесени од органите на КСС;
– дава предлог до Извршниот одбор за избор на генерален секретар;
– соработува и ја претствува КСС пред невладини организации, здруженија и меѓународни синдикални организации и
– врши други работи во согласност со Статутот.

За својата работа Претседателот е одговорен пред Конгресот на КСС.

Претседател на КСС е Благоја Ралповски.

Copyright kss.mk