Извршен Одбор

Извршен одбор

Извршниот одбор е извршен орган на КСС. Извршниот одбор ги има следните надлежности:
– ја имплементира програмата и другите документи усвоени од Конгресот и Конференцијата;
– дава предлози, мислења и сугестии на прашања сврзани со колективното преговарање, организациските и законските цели и програми до органите на КСС и надлежни институции;
– врши избор на генерален секретар, на предлог на претседателот;
– усвојува одлуки кои произлегуваат од тековното работење на КСС;
– формира стручна служба на КСС;
– подготвува финансиски план и програма за секоја наредна година;
– врши избор на делегати и членови во органите на други асоцијации;
– определува критериуми за избор на претседател.

За својата работа Извршниот Одбор е одговорен пред Конференцијата на КСС.

Copyright kss.mk