Конгрес

Конгрес на КСС

Конгресот е највисок орган на КСС. Конгресот се свикува на 5 години.

Одлука за одржување на Конгрес донесува Конференцијата на КСС, најмалку 60 дена пред неговото одржување.

Бројот на делегатите на Конгресот го утврдува Извршниот одбор. Членови на Конгресот по функција се членовите на Конференцијата.

Конгресот избира Работно Претседателство и усвојува Деловник за работа. За расправата и одлуките се води записник.

Конгресот на КСС ги има следните надлежности:
– усвојува програмски документи на КСС;
– усвојува Статут на КСС;
– усвојува извештај за материјално-финансиското работење на КСС во меѓуконгресниот период;
– избира Претседател на КСС.

Вонреден Конгрес се свикува со одлука на Конференција по иницијатива на најмалку една половина од гранските синдикати кој опфаќаат најмалку две третини од членството на КСС. Делегати на Вонреден Конгрес се оние кој биле избрани за делегати на редовен Конгрес.

Copyright kss.mk