Конференција

Конференција

Конференцијата е највисок орган на КСС, помеѓу два Конгреса. Конференцијата ја сочинуваат избрани членови од гранските синдкати кои ќе се утврдат со посебна Одлука на Извршниот Одбор.

Членовите на Извршниот одбор учествуваат во работата на Конференцијата, но без право на глас.

Конференцијата ги има следните надлежности:
– го разгледува и усвојува годишниот извештајот за материјално-финансиското работење на КСС;
– дава иницијативи, предлози и размислувања во постапката за донесување на закони и други прописи кои се од интерес за синдикатите;
– предлага и донесува одлуки за различни облици на предупредување и притисок, вклучувајќи и генерален штрајк, во согласност со закон и колективен договор;
– утврдува кандидати за претседател на КСС и за членови на Надзорен одбор;
– донесува одлуки за измена и дополнување на Статутот на КСС, но најмногу до 1/3 од одредбите содржани во него;
– донесува одлука за свикување на Конгрес;
– предлага конгресни документи и др.

Конференцијата работи на седници.

Седниците на Конференцијата ги свикува Претседателот на КСС, по потреба, но најмалку еднаш годишно или по барање на најмалку една половина од членовите на Конференцијата, најдоцна во рок од 30 дена.

Copyright kss.mk