Одржан четврти конгрес на КСС

0

На ден 21.12.2015 година во хотел Континентал во Скопје се одржа Четвртиот Конгрес на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на кој за Претседател на КСС едногласно беше избран Благоја Ралповски во наредниот петгодишен период.

Во своето обраќање Претседателот на КСС истакна ,,Ние сме силата на новото време преточена во синдикалното движење во Македонија. Иако синдикализмот се соочува со бројни предизвици на светско ниво, сепак верувам дека во нашата земја синдикатот и синдикалното движење е основен придвижувач, промотор, но и гарант за правата на вработените, како и моделатор на социјално-економските движења во земјaта.”

chetvrti-kongres-na-kss-2

Свое обраќање имаа почесниот Претседател на КСС, г-динот Дојчин Цветановски како и домашните и странските гости, Естер Линч, Конфедерален секретар на Европската Конфедерација на синдикати, во името на Регионалниот совет Солидарност свое обраќање имаше г-дин Живко Митревски, Јордана Германова од Подкрепа, Бугарија, Заменик министерот за труд и социјална политика, г-динот Диме Спасов, Претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија, г-динот Миле Бошков, претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, г-дин Милан Петковски.

На Четвртиот Конгрес беа усвоени Статутот на КСС, Програматa на КСС, финасискиот извештај и беа усвоени три Резолуции и тоа: Резолуција за прием на КСС во ETUC и ITUC, Резолуција за обесштетување на КСС за синдикалниот имот, Резолуција за синдикално единство.

chetvrti-kongres-na-kss-3

КСС воедно ја одбележа и 10-годишнината од формирањето и активното делување на синдикатот. Уште еднаш Претседателот истакна дека во изминатите 10 години КСС е иницијатор и промотор на воведувањето на минималната плата, како основен правен законски инструмент за заштита на економската и социјалната положба на вработените. Овој закон денес е столб на системот на наградување во трудот. Исто така нагласи и дека се уште КСС е иницијатор на пензиската реформа, односно промените во Пензискиот фонд кои ќе помогнат да се воспостави правичен систем на социјални поволности. И дека како едниствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор КСС беше единствен потписник на општиот колективен договор за јавниот сектор, а потписник е и на низа грански колективни договори. Многу други проекти се остварени или се почнати да се остваруваат во изминативе години.

Кликнете тука за да ја погледнете галеријата со фотографии

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk