Одбележан 8ми март денот на жената

0

Меѓународниот ден на жената кој секоја година се празнува на 8ми март, претставува симбол на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност.

Овој ден се одбележува како оддавање почит на вложениот напор на жените за својата еманципација и извојување на еднаквост на половите иако оваа борба во некои земји сеуште трае.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија преку својата секција на жени  на еден поинаков начин го одбележa  денот на жената со поставување на свој штанд во центарот на град Скопје.

8-mi-mart-2016-1

Се поделија информативни флаери за синдикалното движење во Македонија како и за учеството на синдикатот за добивање на права и заштита на жените во работниот однос. Настанот беше одбележан под мотото “Зашто ни е потребен синдикатот” како еден начин да пренесат порака дека токму синдикално организирани се појаки во одбрана на работничките права, меѓу нив ќе ги наброиме платеното мајчинско отсуство, старосната граница за пензионирање или пак правото да не бидеш отпуштен од работа затоа што си стапил во брак имаш дете или си болен, заштита од мобинг итн.

Во Македонија сеуште постои  таа борба за рамноправност меѓутоа  е подигната на повисоко ниво, жените се борат за рамноправноста со мажите во пристапот до  повисоки раководни позиции,  позиции кои  бараат поголеми интелектуални способности или менаџерски позиции.

8-mi-mart-2016-28-mi-mart-2016-3

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk