Мисија на делегацијата на ITUC/PERC во посета на КСС

0

На ден 7 и 8 јули 2016 година делегацијата на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) преку Пан европскиот регионален совет  (PERC) ја посети Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со мисија прием на КСС како полноправна членка во ITUC.

Делегацијата на ITUC/ PERC беше во состав на Извршниот секретар на ITUC/ PERC, г-дин Антон Леппик, канцеларискиот координатор за ITUC/ PERC, канцеларија Сараево  г-ѓа Ениса Салимовиќ и Заменик претседателот на  PERC г-ѓа Марија Ханжевачки.

Делегацијата оствари средби со сите нивоа на структура на КСС најнапред со  Извршниот одбор на КСС на кој беа разгледани прашањата за синдикалното движење во Р.Македонија, како и достигнувањата кои КСС ги има во синдикалното движење во Р.Македонија, како и други прашања од доменот на работењето на синдикатот.

ituc-perc-1

На состанокот со претставници на младинските и женските структури на КСС беа опфатени прашања и споделени искуства во поглед на целите и приоритетите на работа на овие структури и нивните понатамошни планирани активности.

Во рамките на нивната мисисја беше оставарена и посета на Основната синдикална организација на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

Делегацијата присуствуваше на седница на Извршниот одбор на Основната синдикална организација на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија на која се дискутираше тукушто потпишаниот Колективен договор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, а беа дискутирани и прашања во однос на начинот на организирање на членството, пристапот, информирањето и услугите кои тие ги добиваат.

На крајот од оваа успешна посета беше искажано задоволство од членовите на делегацијата како и од претставницте на КСС и беа договорени понатамошните активности со цел успешно завршување на мисијата и постигнување на заемната цел, прием на КСС како полноправна членка на ITUC со цел развивање на поголема соработка и развој на меѓународните односи.

Кликнете тука за да ја погледнете галеријата со фотографии

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk