Бесплатна правна помош

Со цел остварување и заштита на правата од работен однос, КСС за своите членови обезбедува бесплатна правна помош.

Правната помош се остварува во соработка со адвокатска канцеларија од Скопје, која се наоѓа на следната адреса:

Адвокатска канцеларија Станојевиќ
Антон Попов 85 лок.12 – Скопје

Бесплатната правна помош опфаќа:
– Подготвување на приговори, претставки, барања;
– Консултации од областа на правната помош и заштита;
– Давање на правни совети;
– Обраќања до Државниот инспекторат за труд, Народниот правобранител, Управниот инспекторат и други државни органи и институции;
– Консултации при изготвување и усогласување на колективни договори;
– Поднесоци во врска со судски постапки;
– Изготвување на тужби и водење на судски постапки;
– Учество на семинари, советувања и синдикални школи од страна на правен експерт;
– Редовни и вонредни правни лекови.

Copyright kss.mk