КСС организира свечена академија по повод приемот во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC)

0

Скопје 22.03.2017г., Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод приемот во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC) организира свечена академија на која свое обраќање имаше Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, свое обраќање на свеченоста имаше и Почесниот Претседател Дојчин Цветановски на тема: ,,Синдикални предизвици во Република Македонија во последните две и пол децении, со посебен осврт на формирањето и активностите на Конфедерацијата на слободни синдикатина Македонија” , како и Министерот за труд и социјална политика, г.Ибрахим Ибрахими.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) доби полноправно членство во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), со одлука донесена на Генералниот Совет, кој се одржа од 29 ноември до 1 декември во Виена и стана дел од меѓународните синдикати во кој членуваат повеќе од 181 милион работници во 162 земји со повеќе од 340 национални синдикати.

КСС оствари двоен успех со прием и во Европската конфедерација на синдикати (ETUC) на Извршниот комитет кој се одржа на 14 и 15 декември во Брисел со добивање на статус на полноправен член кој ќе учествува во нејзините органи и тела во креирањето и спроведувањето на економско – социјалните европски политики, истакна Претседателот на КСС г. Благоја Ралповски.

kss-clenka-vo-ituc-etuc

Приемот на КСС во Светската конфедерација на синдикатите има големо значење од повеќе аспекти. Секако дека тоа претставува знак за објективно признание дека КСС ги исполнила критериумите за да стане членка на оваа исклучително важна светска организација, но исто така значи и дека со нејзиното членство добива во зголемување на нејзината реална моќ и позиција пред сѐ во сопствената земја, се разбира, во рамките на законите што ги регулираат синдикалните позиции, а уште повеќе е и исклучително јасен сигнал и порака до работниците во нашата држава. За тие кои се членови во некои од гранските синдикати на КСС дека нивната сигурност, со самото тоа е битно зајакната, а за оние работници кои сѐ уште не се синдикално организирани, треба да биде причина повеќе за што поскоро да станат дел од синдикално организираните работници, истакна Почесниот Претседател на КСС, г.Дојчин Цветаноски.

На свечената академија, КСС му додели прва плакета на Почесниот Претседател Дојчин Цветаноски за синдикално творештво, синдикално водство и животно дело за идеологија и реализација во синдикалните движења во Република Македонија и регионот.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, истакна дека социјалниот дијалог во изминатиот период бележи значителен прогрес. Сепак, вели треба да се работи во следниот период на негово зајакнување со цел унапредување на работничките права и на обврските и правата на работодавачите. Како предизвици и цели за во иднина, остануваат натамошното зајакнување на капацитетите на Економско – социјалниот совет и активно вклучување на социјалните партнери во процесот на креирање  и имплементација, а со самото тоа и континуираниот развој и унапредување на трипартитиниот социјален дијалог во Република Македонија, истакна Министерот Ибрахими.

Со приемот во КСС како полноправен член во Меѓународната и Европската конфедерција на синдикати се докажува и се потврдува делувањето и активната улога на КСС на национално, регионално, европско и светско ниво.

Настанот е поддржан од проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, како дел од промотивната кампања за синдикатите.

 

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk