ETUC извештај за состојбата со корона вирусот

0

Синдикалните членови во овој период се на првите борбени линии во справување со корона вирусот, а милиони во светот се соочуваат со здравствени проблеми и нарушување на безбедностапоради појавувањето на пандемијата. Оваа пандемија јасно укажа на важноста за заштита на вработените како од болести така и за општата безбедност на работното место.

Европската конфедерација на синдикати направи анкета меѓу своите членки во која се гледа која земја какви мерки преземала за справување во корона вирусот. Од анкетата може да се види дека повеќе земји превземаат сет на мерки со кои би ги помогнале бизнисите, целото стопанство и поединечниот граѓанин.

И Македонија како земја која не е одмината од пандемијата презема одредени мерки за заштита и напалување на последиците од вирусот. Се нудат одредени мерки за стопанството кои сепак се чини дека не се доволни или пак не соодветствуваат со потребите на одредени сектори. Дел од мерките се однесуваат на кредитна поддршка на стопанството преку посебни кредитни линии без камата, одложување на обврските спрема банките на сите граѓани до септември, ослободување од работа на хроничните болни и трудниците и самохрани родители, обезбедена е онлајн настава за учениците и студентите и друго.

Во прилог ја споделуваме и целосната анкета на следниот линк

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk