Author admin

На 23, 24 и 25 јуни во Охрид, Хотел Десарет се одржа семинар на Секцијата на жени на КСС на тема: Поголем родов баланс во синдикатот и внесување на родовите прашања во Колективното преговарање во организација на КСС со партнерство на Фондацијата Фридрих Еберт. Во текот на првиот ден на семинарот, предавачи беа Елена Грозданова и Јована Тренчевска од МТСП, со презентации на теми поврзани со законската ргулатива од областа на родовата рамноправност и еднаквите можности, како и за родовиот јаз во платите. Вториот ден беше посветен на колетивното преговарање и еднаквоста помеѓу половите, каде предавач беше Мирјанка Алексевска од…

Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија организира Велидгенски хуманитарен хепенинг под наслов „Од срце – јајце – со љубов од жените на КСС“. Настанот се одржа на 21.04.2011 во просториите на КСС. На хепенингот учествуваа активистки од Секциите на жени од сите грански синдикати во КСС, чиишто вредни раце подготвија најразновидни Велигденски аранжмани кои потоа беа донирани во СОС Детското село и Геронтолокиот Завод „13 ноември – Скопје“. На хепенингот, на кој присуствуваа и претставници на медиумите, се изврши и избор на најубав аранжман, а сите жени учеснички добија и Благодарници за нивниот ангажман во оваа…

Oд 28 до 30 октомври 2010 во Пробиштип Секцијата на жени на КСС одржа семинар за своите членки. Целта на овој семинар беше дискутирање за актуелните теми поврзани со дискриминацијата и мобингот на работното место, како и за ефикасната комуникација во синдикалната работа како предуслов за остварување на синдикалните цели. Семинарот се реализира во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје. На семинарот беа присутни околу 30 жени, претежно од источниот дел на Македонија, од повеќето грански синдикати на КСС. Предавачи на првиот дел на семинарот беа членки на НВО “Центар за перма култура„ од Штип, кои се осврнаа…

На 28 декември 2010 КСС одбележа еден многу значаен јубилеј – 5 години од своето постоење, кој беше прославен во Хотелот Континентал со низа активности: Свечена седница, Новогодишен хуманитарен базар во организација на Секцијата на жени на КСС и свечен коктел. Хуманитарниот базар на кој за продажба беа домашно направени производи на нашите членки, храна, накит, облека идр, ја надополни свеченоста и предизвика огромен интерес. КСС е горда што со скромниот приход остварен со продажба на овие производи ќе донесе предновогодишна радост за штитениците на СОС Детското село и Домот за стари лица – 13 Ноември.

На 17, 18 и 19 02. 2011 год. во Штип, Хотел “Ваго” се одржа семинар на Секцијата на жени на КСС на тема “Решавање на конфликти”. Овој семинар е еден од низата семинари кои се одржуваат во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт.На семинарот учествуваа 25 учеснички од повеќегрански синдикати на КСС. Предавач на семинарот првиот ден беше Лилјана Ѓорѓиоска, Советник во Бирото за развој на образование на РМ, на тема: “Поим и извори на конфликти”. Вториот ден, предавач беше Г. Букревска, на тема: “Решавање на конфликти во синдикалните организации”. Двата дена работата се одвиваше преку работилници на дадените теми, во…

Секцијата на жени на КСС беше домаќин на Регионален семинар на секциите на жени од синдикатите-членки на Регионалниот синдикален совет “Солидарност” кој се одржа од 6 до 8 октомври 2011. Темата на семинарот беше “Јакнење на жените синдикалистки за лидерски позиции” а целта беше меѓусебно запознавање на членките на Секциите на жени од регионот и можност заеднички да проговорат на оваа интересна тема под раководство на експерти во областа на родовата еднаквост. На семинарот зедоа учество на синдикалистки од БиХ, Србија и Црна Гора. Реализацијата на семинарот е во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје.

На 6,7,8.12.2012 во Будимпешта се одржа 13 по ред меѓународна Синдикална школа и Конференција на Паневропскиот регионален совет на Меѓународната конфедерација на синдикати ПЕРК-ИТУЦ. Темата на школата беше „Јакнење на положбата на жените на работното место и во синдикатите“ и „Јакнење на положбата на женските структури“. На оваа школа учествуваа претставнички на повеќето женски секции на синдикатите од Југоисточна Европа, вклучително и од КСС. Преку низа предавања и работилници учесничките имаа можност да се запознаат со активностите на женските секции од регионот од изминатата година преку анализа на нивните силни и слаби страни. Предавачите на школата пред учесничките ги преставиле…

After  the signing of the agreements in Struga and Kicevo, on 07.19.2016 was signed an agreement for establishing the LESCs in  Radovis. This council with its consultative and advisory role will contribute to the development and improvement of socio-economic conditions in Radovis which is the main objective of the establishment of this local economic and social council. The Agreement was signed by Mr. Sasko Nikolov, Mayor of the Municipality of Radovis; Mr. Angel Dimitrov, President of the Organization of Employers of Macedonia; Mr. Zoran Antovski, representative of the Confederation of Trade Unions of Macedonia and Mr. Zivko Mitrevski, President of…

1 2 3

Copyright kss.mk