КСС со свој претставник на Европска Академија за млади на тема “Работата на иднината”

0

Ана Јанкулоска, дел од младинската секција при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија зема учество на Европската младинска академија за работа на иднината. Академијата се одржа од 1-58 април во Интернациналиот тренинг центар на Меѓународната организација на трудот во Торино, Италија.На академијата учествуваа вкупно 52 претставнции од цела Европа и експерти од областа на работните односи од целиот свет.

Главните теми за кои се разговараше беа дигитализацијата и модерното општество, одржрлив развој и цели на младите работници, предизвиците на младите луѓе во модерното доба, родово еднаквост кај младите луѓе, младите и миграцијата и слични теми од областа на младите.

Од страна на нашиот претставник беа изнесени проблемите со кои се соочуваат младите лица во Македонија, со нагласување на невработеноста, дискриминација при вработување, проблеми со инволвирање на пазарот на труд и слично. Исто така беше изготвен и извештај за Република Македонија кој беше презентиран од страна на нашата учесничка.

56696839_311578616202048_986853677824212992_n  57183805_313489839316739_3332097621794750464_n

Share.

Leave A Reply

Copyright kss.mk