Преглед на: Видео

Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во Р. Македонија?“ во рамките на Националната кампања „365 Работнички Права за Младите“ која ја спроведуваат Коалиција СЕГА преку Младинските Информативни центри во Прилеп и Кавадарци во соработка со Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Факултети.мк и Агенција за млади и спорт на Р. Македонија.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес на итна прес – конференција извести за одржаната работна средба со претставници од Владата на Р.Македонија и за најновите состојби околу закажаниот  Јавен протест за 17.01.2018 година во 5 минути до 12 часот пред Владата на Р.Македонија. ,,Денес  сме тука да известиме дека после повеќемесечни укажувања за нефункционирање на социјалниот дијалог, за кршење на Законите, Конвенциите на МОТ ратификувани во Собранието на Р.Македонија и суспендирање на колективните договори, денеска остваривме средба со претставници на Владата на Р.Македонија, предводена од Заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за одбрана, г-ѓа Радмила…

Денес на прес-конференција наменета за информирање на пошироката јавност,  Конфедерацијата на слободни синдикати ги истакна моменталните состојби за нефункционирањето на социјалниот дијалог на највисоко ниво. Имено КСС во неколку наврати реагираше за кршење на Законот за работни односи, Спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет и меѓународните конвенции предизвикани од самоволието на Министерот за труд и социјална политика кој е воедно и Претседател на Економско-социјалниот совет.

1 2

Copyright kss.mk