Преглед на: Секција на млади

Во периодот од 29,30.11 и 01.12.2017 год. во хотел Епинал во Битола се одржа активност на која целна група беа младите до 29 години. Оваа активност имаше за цел да им обезбеди поддршка на синдикатите, службите за вработување,институциите за образование и наука како и на младинските организации во нивните иницијативи што се насочени кон подигнување на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место. Работилницата беше организирана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Темата која се обработуваше на оваа работилница беше “ Права на младите на работно место-пристојна работа за младите луѓе “ која ја предводеше…

Од 9-11 ноември се одржа Првата синдикална школа за млади на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на која се обработуваше мобингот како  тема односно “ Вознемирување на работно место (мобинг) “. Обуката беше организирана од КСС, а поддржана од ITUC ( Интернационална конфедерација на синдикати) и  PERC ( Пан Европски Регионален Совет). Школата се одржа во хотел Бисер, во Струга. На обуката која ја предводеше м-р Маја Ристова- адвокат, експерт во областа на мобингот присуствуаа 34 претставници од различни синдикални организации кои можеа да се запознаат одблизу со поимот и видовите мобинг, како и да научат како да го…

Обуката која се одржа во периодот од 27-29.09.2017 год.во Охрид е во склоп на програмата ” Права на младите на работното место-пристојна работа за младите луѓе ” која има за цел подигање на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место. Како главни сегменти на кои се обрна најголемо внимание беа: клучните карактеристики на пазарот на трудот за младите луѓе, договор за вработување, условите за работа на работниците и безбедност и здравје при работа секако врз основа на нашето национално трудово законодавство. Обуката беше организирана на комбиниран начин со презентации од предавачите, размена на знаења меѓу учесниците и…

Од 1 до 4 октомври КСС беше домаќин на 4-та средба на младите синдикалисти од Југоисточна Европа со нивните колеги од синдикатите на Германија (ДГБ) и Австрија (ОГБ) организирана во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт. Младите синдикалисти во оваа пригода разменија интересни искуства и информации по теми кои се еднакво актуелни во сите земји кои беа претставени: состојбата со невработеноста, предизвиците на пазарот на трудот, смалувањето на правата на младите работници, организирање на младината во синдикати, итн. Младите исто така го одбележаа и денот на пристојната работа, 7 октомври, организирајќи прес конференција по тој повод. „Го одбележуваме овој ден со…

„Законот за работни односи, теорија и пракса“, беше темата на вториот модул на Школата за млади синдикални лидери на КСС, која се одржа на 18-20 мај во Хотел Бисер, Струга. Предавачи овој семинар беа д-р Тодор Каламатиев и м-р Александар Ристовски од Правниот факултет “Јустинијан Први“. Професорот Тодор Каламатиев, по општиот вовед, ги запозна слушателите со Законот за работни односи, постапката за засновање работен однос, одморите и отсуствата, материјална одговорност на работниците, заштитата при работа општата и посебната заштита на жените, додека Александар Ристовски зборуваше за начелата на работниот однос, договорите за вработување, флексибилните договори за вработување, работното време и…

На 7 октомври во Струга беше одржано изборно собрание на Секцијата за млади, на кое беа избрани нов Претседател и Потпретседател на Секцијата. Тројца кандидати се бореа за местото претседател, кои пред делегатите ја презентираа својата биографија и програма за работа. Со тајно гласање за Претседател беше избран Саша Иванов, претседател на синдикалната организација на Фондот за здравство, членка на Синдикатот на администрација и државна управа. За потпрeтседател беше именувана Ана Петрова од синдикатот на ССЕРИ.

Copyright kss.mk