Преглед на: Новости

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес во посета на Штип, ја продолжи кампањата насловена “Пристојна плата за пристоен живот”. Во рамките на кампањата беше поставен информативен и едукативен штанд, а се делеа и инфо материјали за барањата со кои КСС истапи со цел подобрување на платите и условите за работа во јавниот сектор. Под мотото “Протестирам да не бидам дискриминиран – барам да се почитува моето право” уште еднаш побаравме да се запре со потценување и поигрување на вработените во јавниот сектор. Потсетуваме уште еднаш за барањата кои ги поставивме во склоп на оваа кампања: Пристојна плата, за пристоен…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите наши членови од муслиманска вероисповед кои го чествуваат овој празник. Ви посакуваме многу мир, среќа, бериќет и љубов.

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија зазема учество на работилницата за следење и оценување за новата Национална програма за пристојна работа во Македонија која се одржа на 11-12 јуни 2018 година во Скопје а која беше организирана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Во обуката беа вклучени специјалистите и раководителите на средно ниво од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Агенцијата за вработување, Државниот инспекторат за труд, организациите на работодавачи и синдикатите. Националната програма за пристојна работа претставува среднорочна рамка за планирање што ги дава насоките за работата на МОТ во…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес ја презентирање новата кампања која ја започнува како резултат на подолгото незадоволство од нефункционирањето на социјалниот дијалог и уништувањето на економско социјалниот совет што се пресликува и со нефункционирање на локалните економско социјални совети секаде каде се формирани. КСС денес како и многу пати во изминатава година јавно го искажува своето незадоволство од нефункционирањето на социјалниот дијалог. Имено во последната година прво се соочивме со уништување на економско социјалниот совет, па сега истото  се пресликува и со нефункционирање на локалните економско социјални совети секаде каде се формирани. Како синдикат чија основна дејност и…

Со согласност со вредностите и потребите на ЕУ во индустриските односи, важно е да се подигне свеста за значењето на улогата на синдикатите во компаниите не само во земјите-членки на ЕУ, туку и во земјите кои се во било која фаза од процесот на пристапување кон ЕУ. Согласно на тоа во минатото успешно се имплементираа два проекти – WIM-  Вклучување на вработените за подобро и одржливо управување во претпријатијата во Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија и WIM2 – Вклучување на вработените – директно кон предизвиците. Како продолжение се спроведува WIM 3- Вклучување на вработените во управувањето- свест, експеримент, мониторинг. Овој проект…

На 17 и 18 мај 2018 година во Париз, Франција се одржа Конференција организирана од страна на Меѓународната канцеларија на трудот во соработка со  Европската Комсија на тема : “Индустриски односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијаta во најразлични земји ” чиј домаќин беше Министерството за труд и социјална политика на Франција. Политичките дебати се организираа на тркалезна маса помеѓу претставниците на Министерствата за трудот, претставници на работодавачите, Европските социјални партнери, претставници од Европските и Меѓународните  синдикати, претставници од Европската комисија и Меѓундароната организација на трудот. Целта на оваа конференција беше да се идентификуваат механизмите / системите за индустриските…

Конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на седницата одржана на 30.04.2018 година расправаше за актуелните економско социјални состојби во нашата држава и за активностите на КСС и нејзините членки во последните неколку месеци и врз основа на тие согледувања, а во пресрет на прославата на 1ви мај како Ден на трудот, едногласно го усвои следниот: ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС Конфедерацијата на слободни синдикати на Република Македонија (КСС) изразува огромна загриженост за лошите економски и социјални состојби вкупно во државата и особено кај поголемиот дел на вработени чии месечни примања не обезбедуваат ниту минимален животен стандард за нив и нивните семејства.…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, на сите верници од православна вероисповед им посакува среќни Велигденски празници, со желби за мир, хармонија и благосостојба во срцата.

На 20 и 21 Март во  посета на Македонија беа двајца експерти на МОТ за безбедност и здравје при работата од седиштето во Женева. Целта на нивната мисија е запознавање со состојбите во  областа на  безбедноста и здравјето при работа, во рамките на  техничката поддршка на МОТ за проценка на степенот на имплементација на ратификуваната Конвенција за промотивната рамка за безбедност и здравје при работа (Бр. 187) во македонското законодавство,  како и преглед на предизвиците при имплементацијата на Законот за безбедност и здравје при работа. На 21.03.2018 се одржа состанок со претставници на КСС на кој се обработуваа теми во…

EPSU како социјален партнер на Европската Унија и Европската Комисија, остро реагира на мешањето на Владата на Република Македонија и нејзините претставници во независното синдикално движење и грубиот упад во гранскиот синдикат ССЕРИ, Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство  и индустрија на Република Македонија при Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија. EPSU ја повикува Владата на Р. Македонија и нејзините преставници да се повлече од нападот на синдикатот и да дозволи согласно конвенциите на Меѓународната Организација на трудот, единствено специјализирано тело при Обединетите Нации, независно синдикално здружување, во спротивно ќе ги преземе сите мерки на Европско ниво како социјален партнер истото да…

1 6 7 8 9 10 15

Copyright kss.mk