Преглед на: Новости

Во прилог е конечната Програма за достоинствена работа (ПДР) 2019-2022 ( на македонски јазик) , која е резултат на консултациите и забелешките од претставниците на Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и здруженијата на работодавачи. Ги отсликува приоритетите на Владата и социјалните партнери и можностите за техничка поддршка на Меѓународната организација на трудот. Програмата ја потпишаа директорот на Меѓународната организација на трудот за Европа и Централна Азија, министерката за труд и социјална политика во името на Владата, претседателите на ОРМ, БКМ, ССМ, КСС, УНАСМ и КСОМ. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со своите експерти учествуваше во креирањето на оваа…

Во сабота на ден 23 февруари 2019 се одржа протест на КСС во Кичево кој беше еден во низата најавени протести на КСС. Потсетуваме дека претходно беа одржани протести во Прилеп и во Штип. На овој протест незадоволството го изразија околу 1000 незадоволни граѓани вработени во јавниот сектор. Протестниот марш започна од Железничката станица во Кичево, а заврши на главниот плоштад во Кичево каде се изнесоа говорите на Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, претседателот на СОНК, Јаким Неделков и претседатлот на регионалниот одбор Кичево – Цане Крстески и секретарот Зуфер Рушај кој на присутните се обрати на албански јазик. Тие…

На ден 22 февруари 2019 година во ЕУ инфо центарот претставникот на КСС, Спасе Николов оствари средба со Армел де Керос, претставник на Европската Комисија, програмски и финансиски менаџер за меѓународни прашања. На средбата беа изнесени прашањата поврзани со синдикалното движење во Република Македонија. Од страна на нашиот претставник беше изнесено следното: Синдикатите и синдикалното организирање се на најниско ниво и како никогаш до сега се вршат секаков вид на дискриминација, притисоци и уцени, или со една реченица опишано: “Или си со мене или си против мене и нема да постоиш”. Имено, во Македонија постојат два синдиката од кои едниот подобен…

Отпочнува проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ). Општата цел на проектот е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање на повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку подобрување на институциите и законодавството, како и со активности за зајакнување на капацитетите на трипартитните чинители на пазарот на трудот за нивно ефективно вклучување во социјалниот дијалог. Проектот има потреба од преведувачи/толкувачи за следните јазични комбинации: од македонски на англиски јазик и од англиски на македонски јазик; од македонски на албански јазик и од албански на македонски…

Конфедерацијата на слободни синдикати одржа голем социјален протест во саботата на ден 26.01.2019 гоодина во Штип.  Протестниот марш започна на плоштадот „Слобода“ во Штип. Како главни барања на протестот беа покачување на платите во јавниот сектор согласно процентот на покачување на минималната плата (со тоа што исплатата би започнала од јануари оваа година), исплата на К-15 за јавната администрација и стоп за трансфер од јавен во приватен сектор. Меѓудругото потсетуваме уште еднаш за барањата кои ги поставивме во склоп на протестот: пристојна плата, за пристоен живот, работа без притисок и мобинг, сигурност на работното место, почитување на законите и колективните…

Оваа година 2019 та е јубилејна година за Меѓународната организација на трудот. Оваа година одбележува 100 години од основањето, односно 100 години исполнување на својата мисија. МОТ е основана  во 1919 година како дел од Версајскиот мировен договор, со кој е завршена Првата светска војна.  За своето функционирање МОТ ги здружува владите, работниците и работодавачите за врз основа на принципот на трипартизам да постигне социјална правда и да воведе стандарди на пазарот на трудот. МОТ е единствената меѓународна организација каде владата нема ексклузивна гласачка моќ. При поставувањето стандарди и политики, претставниците на работодавачите и работниците имаат еднаков глас со владите во процесите…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија реши да го радикализира своето делување за постигнување на своите барања со кои сака да го подигне социјалниот статус на своите членови и вработени во јавниот сектор. КСС своите барања ги достави до Владата на Република Македонија и до соодветните министерства уште во јануари оваа година кога беше организиран големиот предупредувачки протест во Скопје на 17.01.2018 год. Со своите барања КСС се бори за пристојна плата која ќе овозможи пристоен живот кој потполно се занемари како основна карактеристика на  општественото живеење, да се усогласи висината на основната плата со минималната плата, да се почитуваат…

Конфедерацијата на слободни синдикати зема учество на Четвртиот светски конгрес на Меѓународната конфедерацијата на синдикати каде КСС е полноправна членка. Конгресот се одржа во периодот од 2-7 декември 2018 година, во Копенхаген, Данска. Повеќе од 1.200 учесници учествуваа во петдневната дебата со цел да ги креираат политиките и приоритетите за меѓународното синдикално движење во наредните четири години. На Конгресот се обрати премиерот на Данска Ларс Лекке Расмусен, градоначалникот на Копенхаген Френк Јенсен и генералниот директор на Меѓународната организација за труд, Гај Рајдер. На Конгресот беше избрано новото раководтсво на ITUC. Двајцата кандидати, Сузана Камусо и Шаран Бароу, беа номинирани за функцијата…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија учествуваше на меѓународната конференција  и  осмиот Конгрес на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска кои се одржаа од 22-24. овој месец во Опатија, Хрватска. Присутните, односно претставниците на синдикатите од регионот заклучија дека безразлика на степенот на развиеност на одделна земја, регионот се сооќува со исти проблеми и тоа: недоволно платена работна сила, недостаток на колективни договори, неплатена прекувремена работа, одлив на образована работна сила и несигурност за иднината предизвикана од примена на новата технологија, односно дигитализација и роботизација на работните места. На Конгресот е донесена  Декларација за четврта индустриска револуција и работа по…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  организираше синдикална школа која започна вчера (15.11.2018), а ќе трае до утре (17.11.2018) во хотел Бисер- Струга. Темата која се обработува на школата е многу важна и актуелна во последниот период , а се однесува на новиот Закон за работни односи и неговите измени и дополнувања. Целта е да се информираат членовите за измените и дополнувањата на законот, а на крајот од оваа школа ќе се донесат заклучоци кои се однесуваат на измените на гореспоменатиот закон, поткрепени со случаи и ситуации кои се случуваат во пракса, а учесниците можат да ги потврдат. На школата…

1 5 6 7 8 9 15

Copyright kss.mk