Преглед на: Новости

Меѓународниот ден на жената кој секоја година се празнува на 8ми март, претставува симбол на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност. Овој ден се одбележува како оддавање почит на вложениот напор на жените за својата еманципација и извојување на еднаквост на половите иако оваа борба во некои земји сеуште трае. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија преку својата секција на жени  на еден поинаков начин го одбележa  денот на жената со поставување на свој штанд во центарот на град Скопје. Се поделија информативни флаери за синдикалното движење во Македонија како и за учеството на синдикатот за добивање…

На ден 21.12.2015 година во хотел Континентал во Скопје се одржа Четвртиот Конгрес на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на кој за Претседател на КСС едногласно беше избран Благоја Ралповски во наредниот петгодишен период. Во своето обраќање Претседателот на КСС истакна ,,Ние сме силата на новото време преточена во синдикалното движење во Македонија. Иако синдикализмот се соочува со бројни предизвици на светско ниво, сепак верувам дека во нашата земја синдикатот и синдикалното движење е основен придвижувач, промотор, но и гарант за правата на вработените, како и моделатор на социјално-економските движења во земјaта.” Свое обраќање имаа почесниот Претседател на…

1 3 4 5

Copyright kss.mk