Преглед на: Новости

7 ОКТОМВРИ СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА Денес се одбележа Светскиот ден на пристојна работа со информативно делење на промотивен материјал пред Железничката станица. Меѓународната конфедерација на синдикати (МКС) уште од 2008 година го одбележува 7 октомври како светски ден за пристојна работа. Тоа е ден за мобилизирање ширум светот, ден кога сите синдикати во светот застануваат во одбрана на пристојната работа. Оваа година Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија се приклучува кон Меѓународната конфедерација на синдикати преку организирање на акција во која ќе се делат промотивни материјали под мотото Пристојна работа за сите. Целите кои сакаме да ги поттикнеме …

На 29ти јуни годинава во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа конференција на регионалниот проект “Платформа за регионално вработување и социјални работи” во организација на Советот за регионална соработка ( РСС ) и Меѓународната организација на трудот (МОТ). Целта на конференцијата беше на едно место да се соберат Министрите за труд и социјална политика од 6 економии на земјите од Западен Балкан и да разговараат за приоритетните политички прашања во врска со вработувањето и пазарот на работна сила и тоа: – поттикнување на вработувањето на младите како главен предизвик и значајна  можност за иднината на Западен  Балкан – подобрување на…

Последователно по потпишувањето на спогодбите во Струга и Кичево, на 19.07.2016 се потпиша спогодба за основање на ЛЕСС и во општина Радовиш. Овој совет со својата консултативо-советодавна улога ке допринесе за развој и подобрување на социјално-економските услови во општина Радовиш што е и основната цел на основањето на ваков локален економско- социјален совет. Спогодбата беше потпишана од г-дин Сашко Николов, Градоначалник на општина Радовиш; г-дин Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодавачи на Македонија;  г-дин Зоран Антовски, претставник од Конфедерација на синдикати на Македонија и г-дин Живко Митревски, Претседател на Сојуз на синдикати на Македонија. Овој совет ке работи заедно…

На ден 7 и 8 јули 2016 година делегацијата на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) преку Пан европскиот регионален совет  (PERC) ја посети Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со мисија прием на КСС како полноправна членка во ITUC. Делегацијата на ITUC/ PERC беше во состав на Извршниот секретар на ITUC/ PERC, г-дин Антон Леппик, канцеларискиот координатор за ITUC/ PERC, канцеларија Сараево  г-ѓа Ениса Салимовиќ и Заменик претседателот на  PERC г-ѓа Марија Ханжевачки. Делегацијата оствари средби со сите нивоа на структура на КСС најнапред со  Извршниот одбор на КСС на кој беа разгледани прашањата за синдикалното движење во Р.Македонија, како…

Од 28-30 јуни беше одржана третата тематска обука на тема  “Процес и развој на политики за вработубање” , чиј модератор беше Vali Corbanese која е експерт за политики за вработување. Цели на оваа обука беа да се разгледаат фазите во процесот на развој на политиките за вработување, да се видат областите кои ги покрива и најважно, нивната практика. Присутните од самиот почеток на обуката беа вклучени со свои  мислења, ставови и очекувања од оваа обука. Меѓу присутните беа претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на македонија, од Сојуз на синдикати на Македонија,…

Активно се продолжува со реализирање на активностите во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, имено на 27.06.2016 год беа потпишани спогодби за формирање на Локални економско- социјални совети во Општина Струга и Општина Кичево. Потписници на овие спогодби се Градоначалниците на општина Струга, г-дин Зијадин Села и општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, Претседателите на репрезентативните синдикати на национално ниво, г-дин Благоја Ралповски Претседател на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија и г-дин Живко Митревски Претседател на Сојуз на синдикати на Македонија како и г-дин Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодавачи на Македонија. ЛЕСС има функција на советодавно…

На ден 21.06 во просториите на Славјанскиот универзитет- Св Николе, беше одржана обука на тема  “Родова еднаквост и недискриминација”, втора од планираните осум тематски обуки организирани од страна на Проектот Унапредување на социјалниот дијалог. Дебатите се однесуваа на недискриминација и еднаквост при вработувањето,  како и македонски контекст во однос на недискриминацијата и жените на пазарот на трудот, а вниманието беше задржано на Конвенцијата за дискриминација ( вработување и работа ) и Конвенцијата за еднакви примања за работа со еднаква вредност, како инструменти на Меѓународната организација на трудот. Целиот настан беше воден од Силке Штајнхилбер, специјалист за работни односи и родова…

Економско социјалниот совет го поддржа пакетот закони за реализација на проектот „Македонија вработува 2“, со кој се предвидува вработување меѓу 15 и 20 илјади лица. На седницата, како што беше истакнато на денешната прес-конференција,  разгледани се најновите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува продолжување на проектот „Македонија вработува“ за уште една година со поволностите што беа предвидени во  претходниот проект „Македонија вработува“. – Пакетот закони е поддржан од сите социјални партнери во рамки на социјалниот дијалог што континуирано го водиме…

Во периодот од 7-10.05.2016 год. во Бечичи во Црна Гора се одржа пленарна седница на регионалниот сојуз на синдикати “Солидарност” на која се разговараше на повеќе теми меѓу кои соработка со Меѓународната конфедерација на синдикати и креирање на регионална база на колективни договори. Своја седница одржа и секцијата на млади кои се осврнаа на веќе започнатите и планираните кампањи за организирање како и на активните мерки за вработување на младите во земјите кои се членки на РСС “Солидарност”. На оваа седница како претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија присуствуваа Благоја Ралповски и Зоран Антовски, а како претставници од…

На ден 04.04.2016 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Минстерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија во рамките на проектот  Поддршка за борба против непријавена работа. Големината и опфатот на непријавената работа или сивата економија во Македонија зафаќа голем дел од работоспособното население, кое според одредени извештаи изнесува 22,5% од вкупниот број лица кои работат или како процент од БДП, непријавената работа во Македонија се движи помеѓу 10% (анкета на Народна Банка…

Copyright kss.mk