Преглед на: Новости

Скопје 22.03.2017г., Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод приемот во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC) организира свечена академија на која свое обраќање имаше Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, свое обраќање на свеченоста имаше и Почесниот Претседател Дојчин Цветановски на тема: ,,Синдикални предизвици во Република Македонија во последните две и пол децении, со посебен осврт на формирањето и активностите на Конфедерацијата на слободни синдикатина Македонија” , како и Министерот за труд и социјална политика, г.Ибрахим Ибрахими. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) доби полноправно членство во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), со одлука…

На ден 20.03.2017 година се одржа отворена седница на Економско – социјалнит совет, на која беа презентирани реализираните активности од досегашното функционирање на ЕСС на национално и локално ниво и  за унапредувањето на функционирањето на ЕСС. Исто така беше презентирана и годишната Програма за работа на Економско – социјалниот совет со кој претседаше министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими. На седницата од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија КСС, присуствуваа членовите на Економско – социјалниот совет г. Благоја Ралповски и г.Јаким Неделков. На отворената седница социјалните партнери се согласија дека редизвиците со кои се соочува земјата поврзани со…

Како продолжение на претходната работилница за колективни договарање за секторот градежништво, се одржа уште една таква работилница, но овој пат за секторот трговија. Работилницата се одржа на 14 ти март во х.Арка во Скопје. На работилницата беа пренесени практични искуства од експертите од Германија, Нилс Буш-Петерсен кој беше како претставник на работодавачите и Ерика Ритер како претставник од синдикатите. Најпрво беше презентирана моменталната состојба во Македонија во поглед на колективното договарање  со конкретен фокус во секторот трговија со направен осврт на минатите години. Потоа следеше презентацијата на Нилс Буш-Петерсен кој ја презентираше перспективата на работодавачите во поглед на колективното договарање…

Братислава,  8-9 март 2017г. Во организација на Европскиот институт за синдикати ETUI и Конфедерацијата на синдикати на Р.Словачка беше одржан Форумот за безбедност и здравје при работа, на кој од КСС присуствуваа Дејан Хаџи Димов и Ангел Панев, стручни лица од областа на безбедноста и здравјето при работа. Главни цели на Форумот беа: – Размена на информации на учесниците  за активностите на синдикатите кои се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа; – Различни стратегии и практични алатки кои ќе помогнат се зачува и да се зголеми влијанието на синдикатите на работното место. – Идна соработка во безбедноста и здравјето…

На иницијатива на членовите на ЕСС и на барање на Министерството за труд и социјална политика на 8ми март во хотел Арка во Скопје се одржа трипартитна работилница на која учествуваа претставници од Организација на работодавачи, од синдикатите и секако од Министерството за труд и социјална политика. На оваа работилница се презентираа техничките коментари и препораки  за глава 18 и 19 од Законот за работни односи кои се врз основа на анализите на МОТ за да се утврди усогласеноста на македонското законодавство со меѓународните стандарди на трудот во делот на слободата на здружување. Најпрво беше презентиран извештај од анализата на…

Скопје, 8 март 2017 Секцијата на жени при КСС, Меѓународниот ден на жената го одбележува на еден поинаков начин преку испраќање на порака за еднаквост во платите за жените и за мажите. Еднаквоста во платите за жените и мажите е првиот важен чекор кон поголема еднаквост во општеството, бидејќи разликите во платите се едни од најочигледните и мерливи облици на дискриминација. Но, иако еднаквоста е загарантирана со закон, стереотипи и родова дискриминација сè уште постојат во Македонија, и тоа е нешто на кое сите треба да работат за да се смени, изјави Даниела Јаневска од Секцијата на жени од Конфедерацијата на…

Во рамките на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог” чии што активности се насочени кон зајакнување на капацитетите на националниот и локалните економско-социјални совети, беше организирана средба на националниот економско-социјален совет  со локалните економско-социјални совети која се одржа на 7ми март во х.Арка во Скопје. Со цел да се воспостави поголема соработка меѓу овие економско-социјални совети беа направени анализи за теми кои се од нивен интерес и тоа: Проценка на македонскиот пензиски систем Следење на ефектите од минималната плата Ефектите од персоналниот данок и придонесите од плата Можност за воспоставување фонд за унапредување на социјалниот дијалог во земјата По направеното резиме…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија промовира механизам за брзо, ефикасно и финансиски поисплатливо вонсудско решавање на работните спорови  Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, денес во х. Холидеј Ин-Скопје, пред своето бројно членство организираше настан на кој промовираше механизам за мирно решавање на работните спорови, по мирен, вонсудски пат, со помош на помирувaч, односно арбитер.  На настанот се информираше дека со воспоставениот механизам за успешно надминување на колективните или индивидуалните работни спорови се создава поголема законска сигурност и ефикасни процедури кои се од интерес на сите засегнати страни. Законот за мирно решавање на работните спорови стапи на…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија својата загриженост по однос на повеќедневната  блокада на  граничниот премин на Република Грција кон Република Македонија ја изрази преку испраќање на писмо до Грчката конфедераија на синдикати, Грчката амбасада во Македонија, Министерството за надворешни работи на Македонија како и до Делегацијата на Европската Унија во Македонија, во кое бара да се преземат мерки со кои би се отстраниле причините за протестот. Во продолжение во целост го изнесуваме писмото: Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) ја изразува големата загриженост од блокадата на граничните премини од страната на Република Грција, кон Република Македонија. КСС не…

Од 29.01 до 31.02 во Белград се одржа работилница на одборот на млади на РСС Солидарност. Акцентот на оваа работилница беше ставен на проблемите со кои се соочуваат младите при вработување, како и вработените преку агенциите за привремени вработувања. Со изнесување на моменталните состојби во земјите од Балканот се согледаа состојбите за вработеноста на младите, за активностите кои ги презема синдикатот, се разменија мислења и се пренесоа искуства. Исто така се информираше и за новиот фонд RAICO  кој ги помага проектите за млади и спортските активности и како може заедно со синдикатите од другите земји да работиме за благосостојбата на…

Copyright kss.mk