Преглед на: Новости

На 05 и 06 јули во Белград, Србија се одржува Подрегионална конференција нa високо ниво за проценка на состојбата на социјалнo-економските совети  нa Западниот Балкан на која од Македонија присуствува делегација предводена од Заменик министерот за труд и социјална политика г-динот Елми Азири и останати претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставник од синдикатите беше Престседателот на КСС, Благоја Ралповски и претставник од работодавачите, Белинда Николовска. На Конференцијата исто така учество имаа и делагации од земјите од Западен Балкан, како и Директорот на MOТ од регионални канцеларии за Централна и Источна Европа во Будимпешта, г-динот Антонио Грациози. …

Денес на редовната 35та седница на ЕСС , Министерката за труд и социјална политика на РМ, Мила Царовска, како Претседател на истиот, направи преседан во однос на функционирањето на Економско социјалниот совет, почитувањето на правото и грубо го прекрши Законот за работни односи, Деловникот за работа на ЕСС и спогодбата за формирање на ЕСС кои се во согласност на Законот за работни односи и конвенциите на Меѓународната организација на трудот. Министерката без претходно известување направи обид да подметне промена на Деловникот за работа  и функционирањето на ЕСС со тоа што повика да присуствуваат нелегитимни организации кои не се членови на…

На 28.06.2017 година се одржа редовна седница на Конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), како највисок постојан орган помеѓу два конгреса на која меѓудругото расправаше за актуелните состојби во делот на работните односи, социјaлното партнерство и социјалниот дијалог помеѓу партнерите на сите нивоа, со посебен акцент на прашања сврзани со надлежностите на КСС како репрезентативна федерација на национално ниво и членка на Економско социјалниот совет. Конференцијaта констатира дека долготрајната политичка криза во земјата директно влијаеше и врз економските движења кои силно рефлектираа и на вкупниот социјален статус на вработените, а со тоа и на нивните семејства. Така влошените економско социјални…

На 28.06.2017 год. во Холидеј Ин се одржа семинар на тема ” Трговија со луѓе со цел нивна трудова експлоатација” кој е во организација на Советот на Европа и Министерството за труд и социјална политика. Целта на овој семинар е да се разгледаат начините за превенција на трговијата со луѓе, да се обезбеди форум за дискусија за појавните трендови и иницијативи преземени од засегнатите страни со цел детекција на случаите на трговија со луѓе и превенција на истите. Секако свое учество зема и КСС која го изнесе своето гледиште и како синдикатите би помогнале во спречувањето на трговијата со луѓе…

Во Министерството за економија на 23.06.2017 год. се одржа консултативна средба на која се разговараше за минималната плата, односно нејзиното покачување на 12.000 денари. На седницата присуствуваа Министерот за финансии, Драган Тевдовски, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, синдикатите и дел од невладините организации. КСС го поздравува и поддржува покачувањето на минималната плата, меѓутоа нагласува дека треба да се направи усогласување со висината на платите во јавниот сектор. КСС уште од неговото формирање е иницијатор за воведување на минималната плата и успеа да се избори за нејзино воведување, иако ова прашање на почетокот не беше воопшто разгледувано.

На 23.05.2017 година во просториите на Конфдерацијата на слободни синдикати на Македонија се одржа студиска посета со учесници од младински организации од Србија, Црна Гора и Словенија како дел од проектот “Brain drain, Brain gain + Circular migration”(“Одлив на мозоци, прилив на мозоци + Циркуларна миграција”), кој го имплементира Волонтерски Центар Скопје заедно со МЕМОС од Германија во рамките на Еразмус + програмата. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ја претстави својата работа и тоа како е организиран синдикатот. Главните прашања кои беа опфатени во текот на студиската посета беа прашњата за младинската невработеност, мигрирање на младите и “одлив на…

Во период од два дена, односно 10ти и 11ти мај во х.Арка се одржа работилница на тема вработување на младите. Меѓународната организација на трудот ги организира овие работилници како во Македонија така и во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Целта за овие два дена беше да се преиспитаат клучните карактеристики на Гаранцијата за млади која како препорака е донесена од Советот на Европската унија со која земјите преземаат обврски да осигураат дека сите млади лица до 25 години ќе добијат квалитетна понуда за вработување, натамошно образование, стажирање и практиканство во рок од 4 месеци откако ќе станат…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на сите работници и на сите граѓани на Република Македонија им го честита Мегународниот ден на трудот, Први мај со кој се потсетуваме на борбата работнички права, односно за да имаме 8 часпвен работен ден, за правото на слободни денови, за правото на заштита при работа и многу други. КСС ја продолжува својата работа 365 дена во годината и денес Ве повикува да се приклучите кон кампањата “И младите имаат работнички права! – 365 дена работнички права – ” со само еден клик на линкот:   https://www.facebook.com/365denarabotnickiprava/

И младите имаат работнички права! – 365 дена работнички права – Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Коалицијата на граѓански младински организации СЕГА потпишаа Меморандум за соработка под мотото „И младите имаат работнички права– 365 дена работнички права “. По повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, КСС и СЕГА организираат кампања за промоција на младите и унапредување и подобрување на социјално-економската положба. Со меморандумот, КСС И Коалицијата СЕГА се обврзуваат да вложат заеднички напори за понатамошно унапредување и подобрување на економската и социјалната положба на младите, креирање политики за поголема вклученост, промовирање на младите на пазарот на трудот…

Во рамките на  проектот Унапредување на социјалниот дијалог  како последна завршна активност беше работилницата за потпомогнато колективно договарање која се одржа во деновите од 28-30 Март во хотел Арка. Работилницата ја водеа г. Силван Бафи од Меѓународниот центар за обуки на МОТ во Торино, г. Киран Милви од Комисијата за работни односи на Ирска. И двајцата се експерти со долгогодишно и богато искуство во помагање на државите од регионот во промовирање на социјалниот дијалог како и во зајакнување на колективното договарање на национално и секторско ниво. Секако свој придонес даде и Кристина Михеш која е Виш специјалист на МОТ за…

Copyright kss.mk