1. Home
  2. Новости

Новости

Пазарот на труд за време на пандемијата – осврт на Државната комисија НСЗЗ „Солидарност“

На ден 24 мај оваа година, Државната комисија НСЗЗ „Солидарност“ организираше меѓународна конференција посветена на управување со возраста во компаниите во однос на брзите промени на пазарот на трудот поврзани со новите технологии, демографијата и што е најважно, пандемијата. Оваа конференција беше резимирање на експертските активности извршени во рамките на проектот „Иницирање мерки за спроведување […]

КСС е загрижен за сигурноста на работните места на работниците по донесените антиковид мерки

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е загрижена за ситуацијата со здравствената состојба на работниците во Македонија, а особено за новите мерки кои се усвоени од Владата со кои се прави дискриминација на вакцинирани и невакцинирани. Како синдикат загрижени сме за сигурноста на работните места. Домашните закони и Уставот не ги обврзуваат работниците на […]

Меѓународен ден на младите

Кризата со KОВИД-19 ги влоши предизвиците со кои се соочуваат младите работници кога влегуваат на пазарот на трудот. Во ЕУ, невработеноста кај младите се зголеми од 14,9% на 17,1% од како започна пандемијата, а и во остатанатиот дел од Европа ситуацијата не е подобра. Ако плановите за закрепнување не вклучуваат конкретни мерки за борба против […]

КСС се спротивставува на изјавата на Премиерот за корупцијата во јавниот сектор

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС остро се спротивставува на изјавата на Претседателот на Владата, Г-дин Зоран Заев дека корупцијата не постои во високите ешалони на власта и дека единствено корумпирани се административните службеници. Премиерот упорно манипулира со јавноста, но воедно и со административните службеници кои што оваа власт ги става под големи […]

Работничките права повторно се под манипулација и популизам пред избори

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија долго време наназад реагира на манипулацијата и популизмот на работничките права. Од година во година, сето ова, се повеќе придонесува да се кршат работничките права, да се намалуваат, а работникот се повеќе осиромашува и нема сигурност на своето работно место. Вчера бевме сведоци на комисиска седница на труд и […]

Соработка на КСС со хрватските и црногорските синдикати за заштита на правата на сезонските и мигрантските работници

Синдикалните централи Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска (SSSH) и Унијата на слободни синдикати на Црна Гора (USSCG) потпишаа Меморандум за разбирање за трилатерална прекугранична соработка со цел заштита и унапредување на правата на сезонските и мигрантските работници во Хрватска, Црна Гора и Македонија. Потпишувањето на Меморандумот е  конкретизација […]

Стратегија за привлекување нови членови и нетипични вработени

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија од 24-26.06.2021 спроведе работилница на тема “Привлекување на нови членови и нетипични вработувања” на која се презентираше стратегијата со која КСС сака да направи промена во однос на можностите за  членување во синдикат, односно за привлекување на нетипичните форми на вработувања или лицата кои работат на работни места кои […]

ITUC и ETUC со реакција за односот на Владата кон КСС

Светската конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати упатија заедничко писмо до Претседателот на Владата, Зоран Заев со кое ја искажуваат својата загриженост за постојаните систематски притисоци и напади врз  КСС и нејзините грански синдикати, како и за дискриминацијата на лидерите и претставниците на синдикатите што се рефлектирани преку деградирање, мобинг, вознемирување и откази. […]

Национален семинар – „Подобрување на вклученоста на работниците од образовниот сектор во донесувањето на одлуки“

На ден 22.06.2021г.  КСС одржа национален семинар кој се одржа во рамките на проектот„Подобрување на вклученоста на работниците од образовниот сектор во донесувањето на одлуки“. На семинарот присуствуваа учесници од КСС и СОНК. На семинарот беа презентирани резултатите од истражувањето кое го спроведе КСС со помош на СОНК за тоа колку се вклучени вработените во […]

Повик за експерт за реализација на обуки

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавува повик за ангажирање на експерти за реализација на обука во рамките на прокетот ,,Привлекување на нови членови и нетипични вработувања” кој е финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија. Генералната цел на проектот подигање на […]