Преглед на: Новости

12.10.2017 Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на денешната прес – конференција која што се одржа во просториите на Пошта 2 (Нова железничка станица) повторно ги искажаа своите барања за функционирање на социјалниот дијалог преку објавување на Манифест на мерки и барања. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија поаѓајќи од делот на социјалното партнерство и дијалог, кои се предизвикани од страна на најодговорните државни органи и нивните највисоки претставници, во последните месеци од оваа година и со тоа целосно маргинализирани улогите на релевантните синдикални партнери, од страна на организациите на репрезентативните синдикати го прогласува следниот: М А Н И Ф…

09.10.2017 Денес во просториите на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) се одржа состанок со претставници од Меѓународната организација на трудот, со г-динот Магнус Берге, специјалист за активности на работниците во канцеларијата на Меѓународната организација на трудот за централна и источна Европа и г-динот Емил Крстановски, национален координатор на МОТ. На состанокот се дискутираше за состојбите во синдикалното движење во Р.Македонија, а особено за ситуацијата на нефункционирање на социјалниот дијалог и партнерство во Р. Македонија, односно нефункционирањето на трипартитното тело, Економско – социјалниот совет и начинот на кој тоа тело функционира надвор од законските норми и интерни акти по…

Обуката која се одржа во периодот од 27-29.09.2017 год.во Охрид е во склоп на програмата ” Права на младите на работното место-пристојна работа за младите луѓе ” која има за цел подигање на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место. Како главни сегменти на кои се обрна најголемо внимание беа: клучните карактеристики на пазарот на трудот за младите луѓе, договор за вработување, условите за работа на работниците и безбедност и здравје при работа секако врз основа на нашето национално трудово законодавство. Обуката беше организирана на комбиниран начин со презентации од предавачите, размена на знаења меѓу учесниците и…

Кон крајот на септември оваа година, поточно од 18-20.09.2017 во Стокхолм, Шведска се одржа  PERC школата, десета по ред. На оваа школа се разгледуваа глобалните состојби и промени на работничките права кои во последниот период се особено актуелна тема.  Споредба беше направена меѓу состојбите во земјите од регионот, земјите од Европа и секако споредба помеѓу земјите од светот кои се со различно ниво на почитување на работничките права. Свои излагања имаа Карл Торвалдсон, заменик Претседател на ITUC,  Генералниот секретар на ETUC, Лука Винсентини и Естер Линч, конфедерален секретар и Ениса Салимович од регионалната канцеларија на PERC која даде посебен осврт…

12.09.2017, Скопје Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа прес – конференција на која беа истакнати барањата за унапредување на работничките правата и станадардот на работниците. Поради нефункционирањето на Економско – социјалниот совет и неможноста за искажување на своите ставови и барања, Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, повторно истакна дека КСС бара покачување на платите во јавниот сектор од 19% согласно покачувањето на минималната плата заради задржување на распонот на платите на работниците во јавниот сектор, од причина што се случува порамнување на најниските позиции на носителите на дејноста, како и суспендирање на колективните договори…

На  прес – конференција одржана на ден 07.09.2017 година Конфдерацијата на слободни синдикати на Македонија ги истакна своите барања. Исто така КСС повтрно реагира на денешната закажана седница на ЕСС, на која Министерот за труд и социјална политика, повторно прави обезвреднување, без двоумење од ЕСС прави “приватен дебатен клуб“ без легитимитет и покрај реакциите од КСС. КСС повторно ги истакна своите барања со кои согласно покачувањето на минималната плата, која ја прифаќа, бара да се одржи распонот на плата на работниците во јавниот сектор, од причина што се случува порамнување на најниските позиции на носителите на дејноста, како и суспендирање на…

Денес на прес-конференција наменета за информирање на пошироката јавност,  Конфедерацијата на слободни синдикати ги истакна моменталните состојби за нефункционирањето на социјалниот дијалог на највисоко ниво. Имено КСС во неколку наврати реагираше за кршење на Законот за работни односи, Спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет и меѓународните конвенции предизвикани од самоволието на Министерот за труд и социјална политика кој е воедно и Претседател на Економско-социјалниот совет. На седниците на ЕСС беа усвојувани клучни прашања од работничката сфера од страна на нерепрезентативни и нелегитимни организации, додека мислењата од легитимните социјални партнери не беа воопшто слушнати ни уважени, како што е случајот со…

На денешната јавна расправа на Комисијата за труд и социјална политика се расправаше за предлогот за покачување на платите за 5% во јавниот сектор кој што беше предложен од група пратеници. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ги поддржува сите предлози во кои се вложуваат големи напори за покачување на платите и сите мерки за отварање на нови работни места затоа што најдобрата социјална политика е отварањето на нови работни места како и постојан раст на платите кој ќе придонесе кон придвижување на економијата во Р.Македонија. Само на овој начин ќе се покаже волја за подобрување на животниот стандард на граѓаните. “На…

На 05 и 06 јули во Белград, Србија се одржува Подрегионална конференција нa високо ниво за проценка на состојбата на социјалнo-економските совети  нa Западниот Балкан на која од Македонија присуствува делегација предводена од Заменик министерот за труд и социјална политика г-динот Елми Азири и останати претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставник од синдикатите беше Престседателот на КСС, Благоја Ралповски и претставник од работодавачите, Белинда Николовска. На Конференцијата исто така учество имаа и делагации од земјите од Западен Балкан, како и Директорот на MOТ од регионални канцеларии за Централна и Источна Европа во Будимпешта, г-динот Антонио Грациози. …

Денес на редовната 35та седница на ЕСС , Министерката за труд и социјална политика на РМ, Мила Царовска, како Претседател на истиот, направи преседан во однос на функционирањето на Економско социјалниот совет, почитувањето на правото и грубо го прекрши Законот за работни односи, Деловникот за работа на ЕСС и спогодбата за формирање на ЕСС кои се во согласност на Законот за работни односи и конвенциите на Меѓународната организација на трудот. Министерката без претходно известување направи обид да подметне промена на Деловникот за работа  и функционирањето на ЕСС со тоа што повика да присуствуваат нелегитимни организации кои не се членови на…

1 2 3 5

Copyright kss.mk