Преглед на: Галерија

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, вчера ја одржа третата синдикална школа на тема „ Улогата на синдикатот и значењето на синдикализмот во социо – економските текови во општеството“ во х.Арка , Скопје. На синдикалната школа учествуваа голем број на членови од сите грански синдикати при КСС. На оваа синдикална школа се зборуваше на теми кои се од значење за унапредување на знаењата на синдикалните претставници  од областа на синдикализмот, човековите права, законот за работни односи и улогата на синдикатите како фактор во општеството за подобрување на економско-социјалната положба на работниците. Предавачи на синдикалната школа беа Проф. д-р,…

КСС го одбележа 8ми март под мотото „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“ По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената, женската секција при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, одржа настан под мотото „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“, во Жена парк – Борец, каде што се делеше и печатен материјал, чија главна порака беше продолжувањето на породилното отсуство во времетраење од 12 месеци, за жените – мајки да можат целосно да се посветат на новороденчињата. На настанот присуствуваше и Генералниот Секретар на СОНК, Весна Неделковска, како и жени-членови на синдикатите при КСС. Претставничката од женската секција при…

Copyright kss.mk