Потпишан Мeморандум за Поддршка во борба против непријавена работа

0

На ден 04.04.2016 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Минстерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија во рамките на проектот  Поддршка за борба против непријавена работа.

Големината и опфатот на непријавената работа или сивата економија во Македонија зафаќа голем дел од работоспособното население, кое според одредени извештаи изнесува 22,5% од вкупниот број лица кои работат или како процент од БДП, непријавената работа во Македонија се движи помеѓу 10% (анкета на Народна Банка 2013) до 35% (Schneider 2010) од БДП.

memorandum-za-sorabotka-2

Во Македонија непријавената работа најмногу е застапена во земјоделството, градежништвото, транспортот, хотелите и рестораните, трговија и услуги. Возрасната група која најчесто е вклучена во непријавената работа е од 15 – 30 години со поголема веројатност мажите да се вклучат во непријавена работа, студенти како и пензионери. Непријавената работа најмногу се забележува кај вработените на сезонска работа, работа на определено време или работа на неполно работно време и најчеста е исплата на ,,плата во плик” и тоа најчесто во малите и средните претпријатија.

Целта на овој мемурандум е да се олесни дискусијата во однос на анализа, осмислување, креирање, спроведување и мониторирање на политиките и мерките за справување со непријавената работа и сивата економија во Македонија.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk