Author kss

Kонфедерацијата на слободни синдикати на Македонија објавува повик за онлајн курс на кој можат да се пријават сите членови на гранските синдикати на КСС кој е организиран од страна на Меѓународната Конфедерација на Синдикати (ETUI) a кој ќе се спроведува од 27 февруари до 31 март 2018 година и ќе опфати 18 часови работа. Темата на курсот е “Да се биде граѓанин на Европа, денес” Учесниците ќе бидат обучувани од страна на онлајн тутори. Работен јазик на онлајн курсот е англискиот. Целите на курсот се следните: – да се поттикнат учесниците не само да критички да го анализираат функционирањето на ЕУ…

Од 01 јануари 2018 година, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, заедно со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите“. Целта на кампањата е да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права кои им се загарантирани во согласност со Законот за работни односи. Преку активностите на кампањата ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права на работното место на кој начин, каде и како да се информираат за нив. Кампањата „365 работнички права…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес го одржа најавениот Јавен протест кој започна од Порта Македонија преку Министерството за правда до Владата на Република Македонија каде работниците членови на гранските синдикати при КСС излегоа на мирен протест да ги истакнат своите барања за покачување на платите во јавниот сектор, к-15 во јавен сектор, почитување на законите, применување на колективните договори, ослободување од притисоци на работните места, отпочнување на преговори за измени на Општиот колективен договор.     „Денес се собравме овде сите заедно да побараме социјална правда, да си ги побараме нашите права, да престане кршењето на Законите,  за…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес на итна прес – конференција извести за одржаната работна средба со претставници од Владата на Р.Македонија и за најновите состојби околу закажаниот  Јавен протест за 17.01.2018 година во 5 минути до 12 часот пред Владата на Р.Македонија. ,,Денес  сме тука да известиме дека после повеќемесечни укажувања за нефункционирање на социјалниот дијалог, за кршење на Законите, Конвенциите на МОТ ратификувани во Собранието на Р.Македонија и суспендирање на колективните договори, денеска остваривме средба со претставници на Владата на Р.Македонија, предводена од Заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за одбрана, г-ѓа Радмила…

12.01.2018 The Confederation of Free Trade Unions of Macedonia held a press conference, on which, as several times previously, expressed the reactions about: – non-functioning and disrespect of social dialogue and social partnership; – violation of laws, the Constitution of the Republic of Macedonia, conventions of the International Labor Organization and the suspension of collective agreements; – an intrusion into KSS trade union organizations for violently changing President, pressures for union membership, an attack on the peak of KSS; – attempts to silence the KSS in a variety of ways because of our legitimate demands; “Despite our publicly expressed views,…

КСС на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот верски празник Божиќ и им посакува благосостојба и добро здравје.

Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) чиј полноправен член е Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), реагираше до Претседателот на Владата на Р. Македонија, г-динот  Зоран Заев и Министерката за труд и социјална политика, г-ѓата Мила Царовска, во кое ја искажаа својата загриженост за непостоењето на социјалниот трипартитен дијалог во државата и нефункционирањето на Екомонско Социјалниот Совет. Тие реагираат на кршењето на меѓународните документи и конвенции за заштита на синдикалните претставници. Апелираат да престанат сите притисоци врз синдикалното движење во Р. Македонија. Во реакцијата се наведува дека ITUC ќе реагира и до Меѓународната Организација на Трудот како и до Европската…

Почитувани членови, почитувани работници во Р.Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Ви ја честита Новата 2018 година со желби за добро здравје, просперитет, поквалитетни работни места и повисоки плати

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во повеќе наврати оваа година јавно на прес – конференции реагираше на нефункционирање на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа, воедно и на кршење на Уставот на РМ, Законот за работни односи, закони на дејностите, општите колективни договори, гранските колективни  договори, поединечните колективни договори, како и одредби од меѓународни конвенции кои ги има ратификувано Република Македонија. Исто така КСС реагираше за вршење на разни облици на притисоци исто така на сите нивоа врз синдикални претставници и членови на синдикатот, преку изрекување на казни и откази од работа, што кулминираше со отказот на Претседателот…

1 2 3 4 5 8

Copyright kss.mk