Author kss

Конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС на седницата одржана на 29.04.2020 година расправаше за актуелните економско – социјални состојби во нашата држава и за активностите на КСС и нејзините членки во последните неколку месеци и врз основа на тие согледувања, во пресрет на 1-ви Мај, денот на трудот, го усвои следниот: ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС изразува огромна загриженост за лошите економски и социјални состојби вкупно во државата и особено за поголемиот дел од работниците чии месечни примања не обезбедуваат ниту минимален животен стандард за нивните семејства. Загриженоста на КСС е…

Синдикалните членови во овој период се на првите борбени линии во справување со корона вирусот, а милиони во светот се соочуваат со здравствени проблеми и нарушување на безбедностапоради појавувањето на пандемијата. Оваа пандемија јасно укажа на важноста за заштита на вработените како од болести така и за општата безбедност на работното место. Европската конфедерација на синдикати направи анкета меѓу своите членки во која се гледа која земја какви мерки преземала за справување во корона вирусот. Од анкетата може да се види дека повеќе земји превземаат сет на мерки со кои би ги помогнале бизнисите, целото стопанство и поединечниот граѓанин. И…

Денес се одбележува Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Оваа година се сеќаваме на денот од своите домови поради епидемијата од корона вирусот и во вакви услови сфаќаме дека здравјето и безбедноста на работното место е многу важна компонента на она што значи достоинствено работно место. Со одбележувањето на 28 ми Април, Светскиот ден на безбедност и здравје при работа се вклучуваме во глобалната кампања со која бараме безбедно, здраво и достоинствено работно место кое ќе се обезбеди од страна на сите релевантни чинители. Секој ден, 6.300 луѓе умираат како резултат на професионални несреќи или болести поврзани со…

Врз основа на дописот од 03.04.2020, испратен до Владата, како и до повеќе други граѓански здруженија, невладини организации, социјални партнери, организации на работодавачи и синдикати понудивме конкретни мерки како заедно да овозможиме поддршка на државата во моменти кога е најпотребно, со свои идеи и решенија за што е возможно побрзо справување со новиот корона вирус и заболувањето КОВИД-19. Од голем број од граѓанските организации добивме директна поддршка, за што сме благодарни. Сепак, со жалење констатираме дека до ден денешен како иницијатори на оваа добронамерна заложба за испомош на државата, од Вас не добивме никаков одговор. Оставени сме сами да констатираме…

Проблемите кои се појавија со се почести откази и губење на работното место кое е основната егзистенција за многу семејства поради вирусот ковид 19 и економската криза која што ја предизвика вирусот, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС донесе заклучок да упати неколку барања до Владата. Овие барања произлегуваат од проблемите што се создадени со отказите на многу работници па затоа КСС бара: Сите работници кои добија откази, од било која причина во текот на кризата поради опасноста од собирање и правење метеж пред Агенцијата за вработување, бараме од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за…

Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС како наша општествена одговорност во борбата против корона вирусот – Ковид 19 денес испративме предлог  до Владата за прогласување на неработни денови од 04 Април до 20 Април или по предлог на Организацијата на работодавачи на Македонија најмалку две неработни недели во периодот од 04 до 30 Април од причина што годишните одмори, старите неискористени денови од одмор и првиот дел од годишниот одмор за 2020, треба да се искористат заклучно со 31 Мај. Причините за ваков предлог се предвидувањата за пикот на пандемијата …

КСС го објавува ова соопштение со цел да ја разјасниме ситуацијата во јавниот сектор, целосно, со сите вистини и да поставиме неколку прашања до лидерот на СДСМ, до Министерот за информатичко општество и администрација, како и да упатиме апел до Владата да носи разумни одлуки. Пред се, за да биде сликата целосна, кратко ќе се навратиме во 2018 година кога за прв пат се објави идејата за трансфер од јавен во приватен сектор и зошто ние бевме против, особено на почетокот на оваа година со отпочнување на изборниот циклус. КСС одлучи јавно и транспарентно да истакне податоци кои што ќе…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС во период на вонредна состојба предизвикана од пандемија од корона вирусот, а во неможност својот став да го искаже легитимно на Економско Социјалниот Совет(ЕСС), затоа што реално не функционира, како општествено одговорна организација чувствува потреба и одговорност да предложи сет  на мерки и план за излез од кризата за стопирање на вирусот кој секојдневно се побрзо се шири и економски спас на стопанството кое е во екстремно тешка ситуација, и крајна цел спасување на работните места на работниците. КСС е премногу загрижен од  рестриктивните мерки кои ги предлага една од партиите…

Европската конфедерација на синдикати (ЕТУK) и Пан-европскиот регионален совет на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ПЕРK) го повикуваат Европскиот совет да го одобри започнувањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија – исправајќи ja погрешната одлука што е направена во октомври 2019 година. „Во интерес на ЕУ е Република Северна Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување кон ЕУ“, изјави генералниот секретар на ЕТУК и ПЕРК, Лука Висентини. „Европската комисија вели дека и двете држави ги исполнуваат условите за започнување на процесот. Отворањето на преговорите може да ги натера двете држави подобро да се справат со предизвиците со кои…

Вчерашниот предлог на СДСМ, за намалување на платите во јавниот сектор, на минималната плата од 14.500 денари не испровоцира за денешното соопштение. Прво, дали паметат дека пред 10 дена имаа предлог за покачување на минималната плата на 15 000 денари. Тогаш знаеја или не во каква ситуација е стопанството или само предлагаа популистички мерки како и секогаш. Сега се поставува прашањето како наеднаш стопанството колабира за две недели, или истото дишело на шкрги две години. Како буџетот пред две недели беше во топ форма, а сега наеднаш издиша или се држи на шкрги две години. Ајде, сега е моментот да…

1 2 3 4 16

Copyright kss.mk