Author kss

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес ја презентирање новата кампања која ја започнува како резултат на подолгото незадоволство од нефункционирањето на социјалниот дијалог и уништувањето на економско социјалниот совет што се пресликува и со нефункционирање на локалните економско социјални совети секаде каде се формирани. КСС денес како и многу пати во изминатава година јавно го искажува своето незадоволство од нефункционирањето на социјалниот дијалог. Имено во последната година прво се соочивме со уништување на економско социјалниот совет, па сега истото  се пресликува и со нефункционирање на локалните економско социјални совети секаде каде се формирани. Како синдикат чија основна дејност и…

Со согласност со вредностите и потребите на ЕУ во индустриските односи, важно е да се подигне свеста за значењето на улогата на синдикатите во компаниите не само во земјите-членки на ЕУ, туку и во земјите кои се во било која фаза од процесот на пристапување кон ЕУ. Согласно на тоа во минатото успешно се имплементираа два проекти – WIM-  Вклучување на вработените за подобро и одржливо управување во претпријатијата во Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија и WIM2 – Вклучување на вработените – директно кон предизвиците. Како продолжение се спроведува WIM 3- Вклучување на вработените во управувањето- свест, експеримент, мониторинг. Овој проект…

На 17 и 18 мај 2018 година во Париз, Франција се одржа Конференција организирана од страна на Меѓународната канцеларија на трудот во соработка со  Европската Комсија на тема : “Индустриски односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијаta во најразлични земји ” чиј домаќин беше Министерството за труд и социјална политика на Франција. Политичките дебати се организираа на тркалезна маса помеѓу претставниците на Министерствата за трудот, претставници на работодавачите, Европските социјални партнери, претставници од Европските и Меѓународните  синдикати, претставници од Европската комисија и Меѓундароната организација на трудот. Целта на оваа конференција беше да се идентификуваат механизмите / системите за индустриските…

Конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на седницата одржана на 30.04.2018 година расправаше за актуелните економско социјални состојби во нашата држава и за активностите на КСС и нејзините членки во последните неколку месеци и врз основа на тие согледувања, а во пресрет на прославата на 1ви мај како Ден на трудот, едногласно го усвои следниот: ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС Конфедерацијата на слободни синдикати на Република Македонија (КСС) изразува огромна загриженост за лошите економски и социјални состојби вкупно во државата и особено кај поголемиот дел на вработени чии месечни примања не обезбедуваат ниту минимален животен стандард за нив и нивните семејства.…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, на сите верници од православна вероисповед им посакува среќни Велигденски празници, со желби за мир, хармонија и благосостојба во срцата.

На 20 и 21 Март во  посета на Македонија беа двајца експерти на МОТ за безбедност и здравје при работата од седиштето во Женева. Целта на нивната мисија е запознавање со состојбите во  областа на  безбедноста и здравјето при работа, во рамките на  техничката поддршка на МОТ за проценка на степенот на имплементација на ратификуваната Конвенција за промотивната рамка за безбедност и здравје при работа (Бр. 187) во македонското законодавство,  како и преглед на предизвиците при имплементацијата на Законот за безбедност и здравје при работа. На 21.03.2018 се одржа состанок со претставници на КСС на кој се обработуваа теми во…

EPSU како социјален партнер на Европската Унија и Европската Комисија, остро реагира на мешањето на Владата на Република Македонија и нејзините претставници во независното синдикално движење и грубиот упад во гранскиот синдикат ССЕРИ, Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство  и индустрија на Република Македонија при Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија. EPSU ја повикува Владата на Р. Македонија и нејзините преставници да се повлече од нападот на синдикатот и да дозволи согласно конвенциите на Меѓународната Организација на трудот, единствено специјализирано тело при Обединетите Нации, независно синдикално здружување, во спротивно ќе ги преземе сите мерки на Европско ниво како социјален партнер истото да…

Секцијата на жени при КСС даде свој придонес во одбележувањето на овој ден за да се потсетиме кои се права ги уживаме денес, но и дека борбата за рамноправност сеуште трае. Денес во Градскиот трговски центар се подели печатен материјал со кој се осврна внимание на борбата против насилство врз жените на работното место. Денес се чини дека е постигната рамноправноста меѓу мажите и жените, но да се потсетиме дека милиони жени во светот сеуште ги немаат основните човекови права како право на заштита од семејно насилство, психичко и физичко насилство на работното место, помалку платен труд, неплатена прекувремена работа,…

Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод одбележувањето на меѓународниот ден на жената 8ми март изврши донација која се состоеше од средства за секојдневните потреби на децата кои живеат во СОС детското село- Скопје. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права. Покрај извршената донација, членовите на КСС го посетија СОС детското село каде менаџерскиот тим ги запозна со стандардите на работа и начинот на функционирање на здружението, како и програмите на кои работат за зајакнување на децата и нивна инклузија во општествтото. Во моментов во…

Започнувајќи од 14 Февруари, а во престет на 8ми Март, започната е глобална кампања против родово базирано насилство. Кампањата која ја води Меѓународната конфедерација на синдикати вели “ Stop Gender Based Violence at work! Support an ILO Convention! “ односно стоп за родово базирано насилство. Синдикатите ја повикуваат Меѓународната организација на трудот да донесе  нова меѓународна конвенција за заштита од насилство  на полова основа на работното место. Родово-базирано насилство на работното место или на пат до и од работа, може да се јави во повеќе форми, вклучувајќи: Физичка злоупотреба, вклучувајќи напад, обид за убиство и убиство Сексуално насилство, вклучувајќи и…

1 8 9 10 11 12 17

Copyright kss.mk