Author kss

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) организираше синдикална школа која започна вчера (15.11.2018) а ќе трае до утре (17.11.2018) во хотел Бисер- Струга. Темата која се обработува на школата е многу важна и актуелна во последниот период , а се однесува на новиот Закон за работни односи и неговите измени и дополнувања. КСС на крајот од оваа школа ќе донесе заклучоци кои се однесуваат на измените на гореспоменатиот  Закон, поткрепени со случаи и ситуации кои се случуваат во пракса, а учесниците можат да ги потврдат. На школата присуствуваат учесници од сите грански синдикати на КСС, а заинтересираноста беше голема…

Денес Конфедерацијата на слободни синдикати(КСС), по претходно добиена покана од Министерството за труд и социјална политика, учествуваше на првата јавна дискусија за Нацрт-верзија на Закон за работни односи. На јавната дебата најпрвин се обрати Заменик претседателката на Шведската Конфедерација на Синдикати Г-ѓа Тересе Гувелин. Таа кажа дека добар Закон за работни односи е во полза и на работодавачите и на работниците. Исто така истакна дека се залага за социјален дијалог, а за тоа е потребна силна основа. Се надоврза дека кога ќе се донесе Законот за работни односи истиот треба да биде спроведен на сите нивоа преку социјален дијалог и…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) по повод денешната јавна дебата за Предлог – буџетот на РМ за 2019 година на која КСС присуствуваше со свои претставнци изразува незадоволство во однос на покачувањето на платите во одредени дејности. Имено КСС во изминатиот период јавно, но и на средбите на економско-социјалниот совет бараше  усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата. Со дадениот предлог за покачување на платите на јавната администрација во Предлог-буџет за 2019 година, не можеме да дојдеме до износот на посакуваниот вертикален распон на платите што произлегува од законските обврски. Ја повикуваме Владата уште…

На ден 27.06.2018 во Скопје се одржа Основачки Конгрес на  Пензионерски синдикат на Македонија (ПСМ) во состав на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на кој присуствуваа делeгaти односно пензионери од цела Македонија. На овој основачки конгрес се донесоа документи според кои синдикатот ќе се води во своето понатамошно функционирање како што се Статутот, програмата, како и резолуции на синдикатот. Исто така  беше избрано и раководството на   ПСМ, а за Претседател беше избран пензионерот Марјан Спасовски, еден од двајцата предложени кандидати. Во програмата на ПСМ се наведува подобрување на економско-социјалната положба на пензионерите, придонесување кон подобрување на социјалниот дијалог,  здравствената заштита…

На ден 20.06.2018 во просториите на КСС во посета беа преставници на синдикатот Union to Union од Шведска која е дел од Шведската Конфедерација на синдикати и Шведската конфедерација на професионални работници. Union to Union ја промовира пристојната работа, демократијата, одржливи развој и човекови права. Тие поддржуваат локални, но и странски синдикати со цел на подобрување на условите, регрутирање на повеже членови, давање корисни совети за поуспешна работа во насока на подобрување на работничките права. За време на средбата се разговараше за актуелните проблеми сна синдикалното движење во Република Македонија, проблемите со кои се среќааваат работниците, начините за унапредување на…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес во посета на Штип, ја продолжи кампањата насловена “Пристојна плата за пристоен живот”. Во рамките на кампањата беше поставен информативен и едукативен штанд, а се делеа и инфо материјали за барањата со кои КСС истапи со цел подобрување на платите и условите за работа во јавниот сектор. Под мотото “Протестирам да не бидам дискриминиран – барам да се почитува моето право” уште еднаш побаравме да се запре со потценување и поигрување на вработените во јавниот сектор. Потсетуваме уште еднаш за барањата кои ги поставивме во склоп на оваа кампања: Пристојна плата, за пристоен…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите наши членови од муслиманска вероисповед кои го чествуваат овој празник. Ви посакуваме многу мир, среќа, бериќет и љубов.

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија зазема учество на работилницата за следење и оценување за новата Национална програма за пристојна работа во Македонија која се одржа на 11-12 јуни 2018 година во Скопје а која беше организирана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Во обуката беа вклучени специјалистите и раководителите на средно ниво од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Агенцијата за вработување, Државниот инспекторат за труд, организациите на работодавачи и синдикатите. Националната програма за пристојна работа претставува среднорочна рамка за планирање што ги дава насоките за работата на МОТ во…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес ја презентирање новата кампања која ја започнува како резултат на подолгото незадоволство од нефункционирањето на социјалниот дијалог и уништувањето на економско социјалниот совет што се пресликува и со нефункционирање на локалните економско социјални совети секаде каде се формирани. КСС денес како и многу пати во изминатава година јавно го искажува своето незадоволство од нефункционирањето на социјалниот дијалог. Имено во последната година прво се соочивме со уништување на економско социјалниот совет, па сега истото  се пресликува и со нефункционирање на локалните економско социјални совети секаде каде се формирани. Како синдикат чија основна дејност и…

На 17 и 18 мај 2018 година во Париз, Франција се одржа Конференција организирана од страна на Меѓународната канцеларија на трудот во соработка со  Европската Комсија на тема : “Индустриски односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијаta во најразлични земји ” чиј домаќин беше Министерството за труд и социјална политика на Франција. Политичките дебати се организираа на тркалезна маса помеѓу претставниците на Министерствата за трудот, претставници на работодавачите, Европските социјални партнери, претставници од Европските и Меѓународните  синдикати, претставници од Европската комисија и Меѓундароната организација на трудот. Целта на оваа конференција беше да се идентификуваат механизмите / системите за индустриските…

1 2 3 8

Copyright kss.mk