Author admin

Последователно по потпишувањето на спогодбите во Струга и Кичево, на 19.07.2016 се потпиша спогодба за основање на ЛЕСС и во општина Радовиш. Овој совет со својата консултативо-советодавна улога ке допринесе за развој и подобрување на социјално-економските услови во општина Радовиш што е и основната цел на основањето на ваков локален економско- социјален совет. Спогодбата беше потпишана од г-дин Сашко Николов, Градоначалник на општина Радовиш; г-дин Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодавачи на Македонија;  г-дин Зоран Антовски, претставник од Конфедерација на синдикати на Македонија и г-дин Живко Митревски, Претседател на Сојуз на синдикати на Македонија. Овој совет ке работи заедно…

На ден 7 и 8 јули 2016 година делегацијата на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) преку Пан европскиот регионален совет  (PERC) ја посети Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со мисија прием на КСС како полноправна членка во ITUC. Делегацијата на ITUC/ PERC беше во состав на Извршниот секретар на ITUC/ PERC, г-дин Антон Леппик, канцеларискиот координатор за ITUC/ PERC, канцеларија Сараево  г-ѓа Ениса Салимовиќ и Заменик претседателот на  PERC г-ѓа Марија Ханжевачки. Делегацијата оствари средби со сите нивоа на структура на КСС најнапред со  Извршниот одбор на КСС на кој беа разгледани прашањата за синдикалното движење во Р.Македонија, како…

Од 28-30 јуни беше одржана третата тематска обука на тема  “Процес и развој на политики за вработубање” , чиј модератор беше Vali Corbanese која е експерт за политики за вработување. Цели на оваа обука беа да се разгледаат фазите во процесот на развој на политиките за вработување, да се видат областите кои ги покрива и најважно, нивната практика. Присутните од самиот почеток на обуката беа вклучени со свои  мислења, ставови и очекувања од оваа обука. Меѓу присутните беа претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на македонија, од Сојуз на синдикати на Македонија,…

Активно се продолжува со реализирање на активностите во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, имено на 27.06.2016 год беа потпишани спогодби за формирање на Локални економско- социјални совети во Општина Струга и Општина Кичево. Потписници на овие спогодби се Градоначалниците на општина Струга, г-дин Зијадин Села и општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, Претседателите на репрезентативните синдикати на национално ниво, г-дин Благоја Ралповски Претседател на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија и г-дин Живко Митревски Претседател на Сојуз на синдикати на Македонија како и г-дин Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодавачи на Македонија. ЛЕСС има функција на советодавно…

Економско социјалниот совет го поддржа пакетот закони за реализација на проектот „Македонија вработува 2“, со кој се предвидува вработување меѓу 15 и 20 илјади лица. На седницата, како што беше истакнато на денешната прес-конференција,  разгледани се најновите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува продолжување на проектот „Македонија вработува“ за уште една година со поволностите што беа предвидени во  претходниот проект „Македонија вработува“. – Пакетот закони е поддржан од сите социјални партнери во рамки на социјалниот дијалог што континуирано го водиме…

На ден 04.04.2016 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Минстерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија во рамките на проектот  Поддршка за борба против непријавена работа. Големината и опфатот на непријавената работа или сивата економија во Македонија зафаќа голем дел од работоспособното население, кое според одредени извештаи изнесува 22,5% од вкупниот број лица кои работат или како процент од БДП, непријавената работа во Македонија се движи помеѓу 10% (анкета на Народна Банка…

Женската секција при Конфедерацијата за слободни синдикати на еден мошне необичен и традиционален начин го обележува 8-ми март, празникот на жената. Г-ѓа Билјана Цветковска од женската секција која го води овој проект зборува за целите на манифестацијата.

1 2 3

Copyright kss.mk