Секцијата на жени при КСС во донаторска акција

0

Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод одбележувањето на меѓународниот ден на жената 8ми март изврши донација која се состоеше од средства за секојдневните потреби на децата кои живеат во СОС детското село- Скопје. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

Покрај извршената донација, членовите на КСС го посетија СОС детското село каде менаџерскиот тим ги запозна со стандардите на работа и начинот на функционирање на здружението, како и програмите на кои работат за зајакнување на децата и нивна инклузија во општествтото. Во моментов во СОС селото има 12 семејни куќи и пет дополнителни објекти. Селото е во можност да згрижи 84 деца а моментално се згрижени 69 деца на возраст од две до петнаесет години, за кои се грижат 12 СОС мајки.

Се надеваме дека со оваа донација барем малку придонесовме во оваа благородна и хумана мисија на здружението кое работи со голема љубов и посветеност.
 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk