Повик за онлајн курс “Да се биде граѓанин на Европа, денес”

0

Kонфедерацијата на слободни синдикати на Македонија објавува повик за онлајн курс на кој можат да се пријават сите членови на гранските синдикати на КСС кој е организиран од страна на Меѓународната Конфедерација на Синдикати (ETUI) a кој ќе се спроведува од 27 февруари до 31 март 2018 година и ќе опфати 18 часови работа. Темата на курсот е “Да се биде граѓанин на Европа, денес” Учесниците ќе бидат обучувани од страна на онлајн тутори. Работен јазик на онлајн курсот е англискиот.

Целите на курсот се следните:

– да се поттикнат учесниците не само да критички да го анализираат функционирањето на ЕУ туку пред сé да се разбере улогата на синдикатот и неговата можност за интервенирање во процесот на одлучување;

– да научат за важноста на ЕУ во светот за улогата на социјалните партнери во процесот на донесување одлуки и конечно за начинот како да бидат активни на европско ниво;

– да ги зајакнат синдикатите во секоја земја во Европа и да ја направат нивната работа поефикасна.

Доколку сте заинтересирани за учество на курсот, пополнете ја прикачената пријава и испратете ја на contact@kss.mk со назнака “за онлајн курс”

пријава за онлајн курс

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk