28 АПРИЛ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

0

Ниту една работа не смее да ја одземе безбедноста, здравјето и благосостојбата или животот на работниците. Секој ден ширум светот дневно умираат 7500 работници поради небезбедни и нездрави работни услови, а еден 1 милион работници се повредуваат на работното место.

Работниците во Македонија исто така влегуваат во оваа статистика што покажува зголемениот број на несреќи при работа и лица починати при работа.

Законот за безбедност и здравје при работа кој што беше донесен во 2007 година и кој што беше усогласен со европското законодавство, кој претрпе и низа измени не се применува целосно. Покарај законската регулатива како и подзаконските акти кои се веќе донесени, кои се полни со недоречености, КСС веќе подготвува свои предлози. Меѓу останатото сметаме дека во Македонија не постои соодветна законска регулатива ниту пак начин на мерење или утврдување на професионалните заболувања. КСС како дел од Европската конфедерација на синдикати целосно го поддржува нивното барање за донесување на нова Директива која ќе ги задолжи работодавачите да воспостават систем за идентификување и превенирање од стрес на работно место, за што ние како синдикат ќе вложиме напори за усогласување на Законот за безбедност и здравје при работа со Европското законодавство.

Имплементацијата на стратегијата и акцискиот план за здравје и безбедност при работа, меѓусекторската соработка на синдикатите, организациите на работодавачи, граѓанскиот сектор, но исклучителна улога има и Државниот инспекторат за труд во подобрување на безбедноста и здравјето при работа.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk