Јавниот повик на КСС сепак допре до политичките чинители во државата

0

По објавениот јавен повик на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија до сите политички партии, денес во просториите на СОНК се оствари средба на потесното раководство на КСС со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Средбата се одржа за да ги искажеме нашите барања, а од негова страна да ги презентира сите наши барања кои се внесени во програмата и за кои се обврзува дека ќе ги оствари.

На состанокот од страна на КСС беа изнесени низа барања и предлози кои се всушност подолго време на нашата агенда, но досега, за жал заради урнисаниот социјален дијалог и немање социјално партнерство беа игнорирани, а тоа што го остваривме, го остваривме преку радикално делување и покрај различните притисоци кои беа вршени врз нас.

Беа истакнати и проблемите со кои КСС се соочи изминативе години како насилно преземање синдикати, отказни решенија за синдикални лидери итн., како и проблеми со кои се соочуваме низ институциите како најголем синдикат во јавниот сектор.

Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, беше презентиран дел од програмата каде што се обврзуваат да исполнат дел од нашите барања, а за дел искажа особено задоволство да бидат внесени во програмата, како конструктивни предлози,  кога ќе биде формирана новата влада.

KSS-09.07.2020

Исто така изрази голема загриженост за случувањата и прогонот на нашиот синдикат од страна на актуелната влада, што ќе биде минато, и еден од главните сегменти на функционирање ќе биде социјалниот дијалог низ кој ќе се решаваат настанатите проблеми, а местото на социјалните партнери ќе биде во Економско социјалниот совет, за кој што се обврза дека ќе имаат поинаков пристап и ќе биде подигнат и развиен на ниво како што е во развиените и просперитетни држави.

И на крај, двете страни се обврзавме дека после формирањето на новата влада синдикатот ќе биде вклучен во изработката на владината програма која што ќе биде значително надградена и попросперитетна во однос на социјалните партнери и сите работници во државата.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk