Форум за безбедност и здравје при работа – Братислава

0

Братислава,  8-9 март 2017г. Во организација на Европскиот институт за синдикати ETUI и Конфедерацијата на синдикати на Р.Словачка беше одржан Форумот за безбедност и здравје при работа, на кој од КСС присуствуваа Дејан Хаџи Димов и Ангел Панев, стручни лица од областа на безбедноста и здравјето при работа. Главни цели на Форумот беа:

– Размена на информации на учесниците  за активностите на синдикатите кои се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа;

– Различни стратегии и практични алатки кои ќе помогнат се зачува и да се зголеми влијанието на синдикатите на работното место.

– Идна соработка во безбедноста и здравјето при работа меѓу учесниците на синдикатите.

Претставници на работниците во Советодавните комитетти за БЗР во Р.Словачка ги презентираа кои се приоритетите за БЗР, како и пречките кои се појавуваат од перспектива на синдикатите.

На форумот учесниците од КСС ја презентираа тековната  ситуација со БЗР во Р.Македонија во која учествува нашиот синдикат и која опфаќа низа активности како на полето на безбедноста и здравјето така и на економско – социјален и граѓански  план со останатите чинители и партнери во општеството.

Во рамки на Форумот учесниците имаа можност да ја посетат компанијата Словнафт, интегрирана рафинерија и петрохемиска компанија, каде учесниците оствaрија средби со менаџерите на компанијата и со претставниците на синдикатите, при што беа дискутирани прашањата за превенција на работните места.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk