Формиран Пензионерски синдикат во рамките на КСС

0

На ден 27.06.2018 во Скопје се одржа Основачки Конгрес на  Пензионерски синдикат на Македонија (ПСМ) во состав на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на кој присуствуваа делeгaти односно пензионери од цела Македонија.

На овој основачки конгрес се донесоа документи според кои синдикатот ќе се води во своето понатамошно функционирање како што се Статутот, програмата, како и резолуции на синдикатот.

za na web

Исто така  беше избрано и раководството на   ПСМ, а за Претседател беше избран пензионерот Марјан Спасовски, еден од двајцата предложени кандидати.

Во програмата на ПСМ се наведува подобрување на економско-социјалната положба на пензионерите, придонесување кон подобрување на социјалниот дијалог,  здравствената заштита на пензионерите, подобрување на условите за стекнување на старосна пензија, зголемување на пензиите и воспоставување на минимална пензија, кои беа вметнати во резолуциите кои беа усвоени.

Избраниот Претседател истакна дека ќе се заложи за подобрување на статусот на пензионерите во Р.Македонија и дека ќе работи на остварување на барањата на пензионерите.

36292653_10216091203293736_2550872194825584640_n

Настанот, односно основањето на овој синдикат беше поздравен и поддржан од сите присутни, кои истакнаа дека конечно и тие треба да бидат застапувани и вклучени во општественото живеење.

Настанот беше и медиумски поддржан.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk