Формиран ЕПИ КОВИД 19 Центар за безбедност при работа

0

Со оглед на актуелната  состојба со КОВИД-19 и имајќи ги во предвид  дадените дозволи за отварање на најголем број на деловни субјекти од различни области се генерираат огромен број на прашања од областа на епидемиологијата, медицината на трудот и безбедноста при работа со цел превенција од ширење на болеста COVID – 19.

Од таа причина, Македонското здружение за заштита при работа вчера и денес организираше работилница на која се поканети повеќе чинители ( државни институции, образовни институции, граѓански организации, експерти и стручни лица од областа на безбедноста и здравјето при работа ) за да ги  пренесат своите мислења, ставови, идеи и препораки при едуцирање на специфичната и широка популација од областа на безбедноста и здравјето при работа. Формиран е ЕПИ КОВИД – 19 Центар за безбедност и здравје при работа и улогата на присутните е да дадат свој придонес во изготвување на план за работа на центарот, програма, стратегија за комуникација со јавност и институции.

И Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија преку својот учесник даде свој придонес во процесот имајќи во предвид дека безбедноста и здравјето при работа е важен сегмент од делувањето на синдикатот и имајќи во предвид дека во минатото, а особено интензивно во  изминатиов период КСС даде особен осврт на овој аспект важен за работниците преку свои активности, zoom состаноци, соопштенија, апели и кампањата  ” Да се слушне гласот на работникот ” која е во тек.

Работилницата се одржа во х. Гарденија, Велес, но важно е да се напомене дека дел од учесниците беа физички присутни, за што беа запазени сите заштитни протоколи, а дел од учесниците имаа можност да се приклучат онлајн преку zoom апликацијата.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk