Трипартитна работилница за слободата на здружување и колективното договарање

0

На иницијатива на членовите на ЕСС и на барање на Министерството за труд и социјална политика на 8ми март во хотел Арка во Скопје се одржа трипартитна работилница на која учествуваа претставници од Организација на работодавачи, од синдикатите и секако од Министерството за труд и социјална политика.

На оваа работилница се презентираа техничките коментари и препораки  за глава 18 и 19 од Законот за работни односи кои се врз основа на анализите на МОТ за да се утврди усогласеноста на македонското законодавство со меѓународните стандарди на трудот во делот на слободата на здружување.

Најпрво беше презентиран извештај од анализата на постојното важечко македонско законодавство за слободата на здружување и колективното договарање за потоа да биде направена компарација со европското законодавство и практика.

Врз основа на дискусијата беше донесен заклучок дека во Законот за работни односи треба да се доуредат одредени технички детали и дека препораките и анализите на МОТ се во согласност на ЗРО.

Оваа работилница е организирана од страна на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог” кој го финансира Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk