Студиска посета на КСС од учесници од Србија, Црна Гора и Словенија

0

На 23.05.2017 година во просториите на Конфдерацијата на слободни синдикати на Македонија се одржа студиска посета со учесници од младински организации од Србија, Црна Гора и Словенија како дел од проектот “Brain drain, Brain gain + Circular migration”(“Одлив на мозоци, прилив на мозоци + Циркуларна миграција”), кој го имплементира Волонтерски Центар Скопје заедно со МЕМОС од Германија во рамките на Еразмус + програмата.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ја претстави својата работа и тоа како е организиран синдикатот. Главните прашања кои беа опфатени во текот на студиската посета беа прашњата за младинската невработеност, мигрирање на младите и “одлив на мозоци” на млади образовани кадри. Се дискутираше околу овие прашања и беа утврдени сличностите и разликите помеѓу земјите за факторите кои се причина за миграцијата на младите и мерките кои се преземаат и треба да се преземат во иднина со цел задржување на младите образовани кадри како и подобрување на социјално –  економската положба на младите како посебна категорија која се соочува со повеќе предизвици/потешкотии во однос на другите старосни групи.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk